НОВА dm ДРОГЕРИЈА ВО ШТИП!
На 26 јануари, ги отворивме вратите на нашата втора дрогерија во Штип, со што бројот на продажни објекти на територијата на нашата земја го проширивме на вкупно 23. Новата дрогерија е со вкупна површина од 400,1 m2, од кои 334,64 m2 продажен простор, а 41,80 m2 магацински простор, како и 23,66 m2 помошен простор. По повод отворањето на новиот продажен објект, во период од 26.1 до 29.1.2023 на нашите купувачи им понудивме атрактивни попусти од -15% на апсолутно сѐ, и на веќе намалените производи.
Новата дрогерија се наоѓа на улица ,,Д-р Слободан Јовановски’’ бр.2. во Штип, а нејзиното работно време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот, во недела од 10 до 20 часот.
Општествената одговорност на dm како компанија и овој пат не изостана. Дел од остварениот промет, односно 125.500 денари на денот на отворањето беа донирани во хуманитарни цели во ЈЗУ Здравствен дом ,,д-р Панче Караѓозов‘‘- Штип.
Нашите дрогерии со асортиман на повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Добропознатите dm марки како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои сме присутни, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.
Изминатата година го прославивме нашиот јубилеј - 10 години постоење на македонскиот пазар, а со отворање на овој објект, во нашата земја сме присутни со 23 продажни објекти, од кои 13 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга и два продажни објекта во Штип.