Нова dm дрогерија во „Bliss Mall&Retail Park“ во Битола!
Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, многу подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt на 15 август ја отвори својата нова дрогерија во „Bliss Mall&Retail Park“ на ул. Илинденска бр. 1Г во Битола!

Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 402,79m2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со речиси 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.
Отворањето, беше проследено со многу подароци: со секоја сметка над 500 денари купувачите добија подарок торба за пазарување, со сметка над 700 денари следуваше подарок Denkmit универзални влажни марамчиња, додека со сметка над 1.999 денари добија подарок dm пешкир за на плажа.
Освен наведените поволности, во период од 15.8 до 18.8.2024 купувачите во оваа дрогерија можат да пазаруваат со попуст од -15% НА АПСОЛУТНО СЀ, кој се пресметува на каса.
Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 121.000 денари на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола.
Со отворање на овој објект, dm во нашата земја е присутен со 26 продажни објекти, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга, два продажни објекта во Штип и два продажни објекта во Битола.
Од компанијата велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до нивните купувачи. Со својата богата понуда на производи се стремат да ги остварат сите желби и потреби на купувачите, а со полна пареа и понатаму ја продолжуваат нивната континуирана експанзија на локалниот пазар!