КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Нова dm дрогерија во ТЦ „Ohrid Mall“!

Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 28 мај ја отвори својата нова дрогерија во Охрид и тоа на нова локација -  во трговскиот центар ,,Ohrid Mall“ на ул. 15-ти Корпус бр. 1Б.

dm

Во новата, модерно опремена дрогерија на dm, на продажна површина од  466,66 m2 купувачите може да ги пронајдат своите омилени производи од богатиот асортиман на dm, кој брои повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.   

Отворањето беше проследено со попусти од -15% на апсолутно сѐ, кои траат од 28 до 31 мај. Дополнително, на денот на отворањето купувачите добија подароци: со секоја сметка над 500 ден. подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 999 ден. подарок dm торба за пазарување и Sanft&Sicher влажна тоалетна хартија, со секоја сметка над 1.999 ден. подарок dm пешкир. 

Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 137.600 мкд во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид. 

Од компанијата велат дека се особено среќни што континуирано ги задоволуваат потребите на купувачите и им овозможуваат пазарување во одлична атмосфера и со многу поволности, а во иднина ќе продолжат да ги слушаат и остваруваат сите нивни желби, благдоарение на богатата понуда на производи.