Нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!
Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm на 16 јануари ја отвори својата нова дрогерија во трговскиот центар ,,К Mall“ во Скопје.

Во новата, модерно опремена дрогерија на dm, на продажна површина од 403,46 м2 купувачите може да ги пронајдат своите омилени производи од богатиот асортиман на dm, кој брои повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.
Отворањето беше проследено со попусти од -15% на апсолутно сѐ, кои траат од 16 до 19 јануари. Дополнително, на денот на отворањето купувачите добија подароци: со секоја сметка над 500 ден. подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 700 ден. подарок dm торба за пазарување, со секоја сметка над 1.999 ден. подарок dm чадор.
Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 110.000 денари во ЈОУДГ „Виножито“ - Скопје.
Од компанијата велат дека се особено среќни што континуирано ги задоволуваат потребите на купувачите и им овозможуваат пазарување во одлична атмосфера и со многу поволности, а во иднина ќе продолжат да ги слушаат и остваруваат сите нивни желби, благодарение на богатата понуда на производи.