КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Нова dm дрогерија во godi Retail Park!

 nova dm drogerija

Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, многу подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt на 7 март ја отвори својата нова дрогерија во godi Retail Park на улица Перо Наков бр. 108 во Скопје.  

Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 386 m2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со речиси 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.  

Сите купувачи на денот на отворањето добија подарок dm торба за пазарување, со сметка над 500 денари следуваше подарок Denkmit влажни марамици за чистење, додека со сметка над 1.999 мкд добија подарок dm пешкир за плажа. 

Освен наведените поволности, во период од 7.3 до 10.3.2024 купувачите во оваа дрогерија може да пазаруваат со попуст од -15% НА АПСОЛУТНО СЀ, кој се пресметува на каса. 

Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 169.920 денари за набавка на водоотпорни детски душеци на ЈОУ Детска градинка ,,Фидани“ во Чаир, Скопје.  

Со отворање на овој објект,  dm во нашата земја е присутен со 24 продажни објекти, од кои 14 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга и два продажни објекта во Штип. 

Од компанијата велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до нивните купувачи. Со својата богата понуда на производи се стремат да ги остварат сите желби и потреби на купувачите, а со полна пареа и понатаму ја продолжуваат нивната континуирана експанзија на локалниот пазар!