Нова dm дрогерија во ,,Cevahir Mall“!

Со попуст од -15% на апсолутно сѐ, многу подароци и забавна атмосфера, dm drogerie markt на 29 март ја отвори својата нова дрогерија во ,,Cevahir Mall’’ на Булевар Србија бр. 31А во Скопје.
Во новиот модерно опремен продажен простор со површина од 443,76 m2, купувачите може да ги пронајдат производите кои ги посакуваат од богатиот асортиман на dm со речиси 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.
Сите купувачи на денот на отворањето добија подарок dm торба за пазарување, со сметка над 500 денари следуваше подарок Balea гел за туширање, додека со сметка над 1.999 мкд добија подарок dm пешкир за на плажа.
Освен наведените поволности, во период од 29.3 до 31.3.2024 купувачите во оваа дрогерија можеа да пазаруваат со попуст од -15% НА АПСОЛУТНО СЀ, кој се пресметуваше на каса.
Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 155.000 денари за набавка на детски мобилни креветчиња на ЈОУ Детска градинка ,,Фидани“ во Чаир, Скопје. При минатото отворање на новата дрогерија во godi Retail Park, тие донираа 169.920 денари за набавка на водоотпорни детски душеци, па така со овие две донации се заокружи општествено-одговорната активност кон оваа институција.
Со отворање на овој објект, dm во нашата земја е присутен со 25 продажни објекти, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид, Струга и два продажни објекта во Штип.
Од компанијата велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сѐ поблиску до нивните купувачи. Со својата богата понуда на производи се стремат да ги остварат сите желби и потреби на купувачите, а со полна пареа и понатаму ја продолжуваат нивната континуирана експанзија на локалниот пазар!