КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

dm drogerie markt како мерка на претпазливост го повлекува од продажба производот dmBio намаз од индиски орев и малина 250 г!

dm

dm предупредува против консумирање на производот „dmBio намаз од индиски ореви и малини 250g“

*овој производ не е достапен во понудата на dm во С. Македонија

Со цел превентивна заштита на купувачите, dm предупредува против консумирање на производот „dmBio намаз од индиски ореви и малини 250g“ (бар-код 4067796070040). Овие предупредувања важат за сите рокови на траење,  вклучувајќи го и 28.04.2026 година.  Производот е повлечен од продажба од 26 мај 2025 година и итно се препорачува да се избегнува консумирање на овој производ.

Причина за повлекување на производот: За време на официјалните испитувања, во производот е откриена бактеријата салмонела, што може да биде поврзано со пријавени случаи на Salmonella Infantis кај мали деца во Германија и Австрија.

Јадењето храна која ја содржи оваа бактерија може да предизвика дијареја, главоболка, болки во стомакот, како и непријатност, повраќање и блага треска. Доенчињата, малите деца, постарите лица и лицата со ослабен имунолошки систем се особено изложени на ризик и може да развијат потешки форми на болеста.

Доколку споменатиот производ веќе е консумиран и се појават соодветни симптоми, потребно е да се консултирате со лекар. Доколку сте го купиле овој производ во која било продавница на dm во друга земја, ве молиме вратете го, отворен или неотворен, во најблиската дрогерија на dm во нашата земја.

Безбедноста на нашите купувачи е наш прв приоритет и се извинуваме за предизвиканите непријатности.

Уште еднаш сакаме да истакнеме дека споменатиот производ не е на распродажба во нашите дрогерии во С. Македонија и за какви било дополнителни прашања сме достапни преку адресата info@dm.mk