Меѓународен месец на здравјето во dm: Вработени од 14 земји на пат кон подобро здравје
За прв пат во историјата на dm drogerie markt, од 9 октомври до 11 ноември, беше спроведена меѓународна иницијатива „Месец на здравје“ за вработените во сите 14 земји каде што работи dm. Во текот на октомври и ноември, повеќе од 70.000 вработени искусија 25 дена полни со стимулации, идеи и содржини за зајакнување на физичкото, менталното и социјалното здравје.
„Оваа иницијатива произлезе од нашата континуирана посветеност за создавање одржлива и здрава работна средина за секој поединец во нашата заедница. Тоа е многу повеќе од низа активности, бидејќи преку него имаме можност да изградиме подобра иднина за сите нас, заедно со нашите вработени“, објаснува Маја Петровиќ Колаковиќ, ресорен менаџер за човечки ресурси во dm С. Македонија и Србија.
Месец на здравјето на dm - месец полн со здравје, радост и изненадувања
Во текот на дваесет и пет дена, месецот на здравје обезбеди различни активности за сите вработени во dm. Стручни содржини, различни предизвици и тематски иницијативи и видео содржини го одбележаа првиот меѓународен месец на здравјето на dm во С. Македонија. Оваа иницијатива е одраз на заедничките напори за создавање поздрава и поодржлива иднина, збогатувајќи ја работната средина и охрабрувајќи ги вработените да усвојат поздрави навики и свесно да ги носат најдобрите одлуки за своето здравје.
Предизвикот на меѓународното движење
Централниот настан за време на меѓународниот месец на здравјето во dm беше предизвикот за движење што се одржа на 21 и 22 октомври низ Европа. Повеќе од 70.000 вработени во концернот dm учествуваа во собирањето минути за движење, било со трчање, возење велосипед, пливање или планинарење. Секоја активност се претвори во парична донација што dm ќе ја даде на здруженија или локални одржливи проекти. Вработените во dm имаа можност да направат нешто добро за другите, а воедно и за сопственото здравје, како дел од иницијативата Движењето е добро за сите.
Така, на ниво на концерн беа собрани средства за донација во висина од 126.489,00 евра. Во сите 14 dm земји од беа собрани часовите поминати во физичка активност, за на крајот сите заедно да дадат активен придонес во заедницата.
Заедно до поздрава иднина
Меѓународниот месец на здравје е придружен со уште една посебна активност: До средината на декември сите вработени можат да даваат лични предлози за поздрава работна средина преку внатрешна платформа. Ризницата на идеи на компанијата dm им дава можност на вработените да се вклучат и на тој начин да иницираат промени на меѓународно ниво. Националното жири ќе ги оценува индивидуалните идеи и ќе ги претстави најдобрите пред меѓународно жири составено од вработени од различни области на работа. Идеите кои ќе добијат најголема поддршка ќе бидат имплементирани во сите земји каде што работи dm, со што ќе се поттикнат промени на глобално ниво.