КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

dm ја поддржa успешно поминатата “Конференција за Свесно Родителство 2025”

dm ја поддржa успешно поминатата “Конференција за Свесно Родителство 2025”

Конференцијата за Свесно Родителство 2025 во организација на Мама Круг и родителство.мк се одржа во периодот од 1 до 4 октомври онлајн преку платформата www.roditelstvo.mk, а на 5 октомври кулминираше со настан во живо во хотел „Мериот“ во Скопје. Мисијата на конференцијата беше јасна - да обезбеди поддршка, едукација и инспирација за родителите, поттикнувајќи ги да се поврзат со своите деца на подлабоко ниво и да ги воспитуваат со повеќе внимание, емпатија и разбирање. 

Овој уникатен формат овозможи родителите да слушаат 17 предавања од врвни едукатори и експерти од земјата, кои споделија практични совети и алатки применливи во секојдневниот живот. Темите ги опфатија сите фази на родителството – од бебиња и мали деца, преку тинејџерските предизвици, па сè до динамиката на семејните односи. Она што ја направи конференцијата посебна беше практичната димензија: секое предавање беше збогатено со вежби, примери и конкретни насоки кои им помогнаа на родителите да применат нови методи на воспитување. 

Првиот ден од конференцијата започна со теми што длабоко одекнуваат кај секоја мајка и секој татко – предизвиците на родителството во тинејџерските години и чувството дека „колку и да се трудиме, никогаш не е доволно“. Овие разговори отворија простор за искрена дискусија и споделувања на секојдневни искуства. Во деновите што следеа, се говореше за тоа како да се препознаат првите сигнали дека детето минува низ одредени потешкотии, за улогата на играта и природата во здравиот детски развој, како и за внесување хармонија и разбирање во односите меѓу браќата и сестрите. Отворени беа и теми за кои ретко се зборува во јавноста – како љубовта и партнерските односи се менуваат по станувањето родители, како да се гради блискост и доверба меѓу партнерите, но и како да се поддржи емоционалниот развој на децата преку нови образовни пристапи.

Компанијата dm drogerie markt со огромно задоволство ја поддржи конференцијата која отсликува една заедница на свесни родители и отвора простор на поврзување, учење и раст. На овој начин, секоја мајка и секој татко можат да добијат поддршка, сила и чувство дека не се сами на својот родителски пат.