Известување до купувачите: babylove и dmBio производите не се опфатени со повлекувањето од продажба на храна за бебиња
Почитувани купувачи,
Во контекст на вестите за превентивно повлекување од продажба на одредени производи за исхрана на бебиња од различни производители поради можноста за присуство на церeулид и неможноста да се исклучи потенцијалниот здравствен ризик, кои предизвикаа одредена загриженост и несигурност кај дел од купувачите, сакаме да ве информираме за статусот на нашите dm марки.
Производите од марките babylove и dmBio не се погодени од ова повлекување и се целосно безбедни за употреба.
Во dm продавниците можете да ги најдете производите од наведените марки, кои ги исполнуваат нашите строги стандарди за квалитет и безбедност. Сите серии кои се во продажба се безбедни.
За нашите babylove и dmBio производи за бебиња редовно спроведуваме детални контроли на целиот производствен процес – од суровина, преку производство, до краен производ.
Сакaме да нагласиме дека здравјето и благосостојбата на нашите купувачи, особено бебињата и доенчињата, останува нашиот најважен приоритет, па можете да продолжите да ги користите производите од наведените марки без грижа.
Ви благодариме за довербата.
Вашиот dm