Објавени резултатите од конкурсот {ЗАЕДНО} едни за други: dm издвојува повеќе од 3 милиони денари за проекти посветени на женското здравје
На конкурсот кој беше објавен втора година по ред, dm доби речиси 60 пријавени проекти кои имаа за цел подобрување и зачувување на менструалното и репродуктивното здравје на жените. Со повеќе од 3 милиони денари тие поддржуваат дури 6 од пријавените проекти во нивна реализација.

Во општество каде што разговорите за менструално и репродуктивно здравје честопати се ,,обвиткани“ во стигма, dm направи храбар чекор напред. Како дел од иницијативата {ЗАЕДНО} едни за други, тие објавија отворен повик за иновативни проекти кои се занимаваат со овие прашања. Со ова, тие уште еднаш покажаа дека се посветени на создавање позитивна промена и веруваат дека секоја индивидуа заслужува пристап до информации, ресурси и поддршка во врска со своето здравје – особено жените, кои честопати ги забораваат своите потреби, а се посветуваат на другите.
Речиси 60 проекти земаа учество во отворениот конкурс, а секој од нив е доказ за страста и посветеноста на здруженијата кои се стремат да направат промена. По внимателно разгледување, dm со задоволство објави дека избра дури 6 проекти кои ќе ги поддржи во нивната реализација, со повеќе од 3 милиони денари. Овие проекти не само што имаат за цел да едуцираат и информираат, туку и да ги срушат бариерите кои спречуваат отворени дискусии за менструалното и репродуктивното здравје. Од работилници кои обезбедуваат основни знаења, до иницијативи кои осигуруваат пристап до неопходни производи, секој од избраните проекти ја отелотворува визијата на dm за поздраво и поинформирано општество.
,,Ние во dm веруваме дека секој чекор кон подобро здравје, е чекор кон посреќен и поисполнет живот и сме посветени на создавање на средина во која секој може да напредува. Поддржувајќи ги овие проекти, не инвестираме само во иницијативи; инвестираме во луѓе, во заедници и во иднина во која менструалното и репродуктивното здравје ќе бидат отворено дискутирани и приоретизирани. Заедно, можеме да создадеме свет во кој никој не се чувствува сам во своето патување!“ – Изјавува Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm.
Избрани проекти
Втор ден ми е – Кампања за подигнување на свеста за вториот ден на менструалниот циклус, реализирана преку изложба на слики од девојки и жени, работилници за изработка на прирачници на тема менструална хигиена и исхрана за време на циклусот и 90-минутна панел дискусија.
Превентивни прегледи со мобилна гинеколошка амбуланта за загрозени категории согрѓани – проект преку кој ќе се спроведат бесплатни гинеколошки прегледи во 16 различни градови, проследено со истражување за состојбата на менструалното и репродуктивното здравје во тие градови. Овој проект опфаќа 200 директно погодени жени и девојки.
Циклус на нега: Поддршка на женското здравје – овој проект опфаќа едукативни работилници и сесии во 8 различни училишта, изработка на едукативни брошури, пружање на психолошка помош и поддршка, како и одржување на караван со цел подобрување на менструалното здравје и хигиена. Проектот ќе се одржи во неколку градови во југоисточна Македонија.
Мое менструално здравје ,,Mission Red’’ – проект наменет за едуцирање на Ромките преку формирање на клуб за ученици во едно средно и две основни училишта, како и одржување на 3 настани.
Ослободете ја моќта на менопаузата: Проект за самоподдршка на жените – има за цел унапредување на квалитетот на животот на жените преку работилници и едукативни сесии за физичко и ментално здравје, исхрана, развој и креативност и двомесечен курс.
Нутритивно диететски навики кои имаат придонес за менструалното и репродуктивното здравје на жените – проектирано е да ги зајакне жените преку насочена едукација за исхрана. Препознавајќи ја критичната врска помеѓу навиките во исхраната и репродуктивното здравје, оваа иницијатива се фокусира на две витални групи: основци, ученички (од 7 до 9 одделение) и жени во перименопауза и менопауза.
Повеќе детали за избраните проекти може да погледнете тука.
За потсетување, преку оваа иницијатива dm минатата година поддржа 6 проекти кои покрија широк спектар на теми за подобрување на женското здравје, како пост-породилна депресија, подигнување на свеста за превентивни прегледи, здрав начин на исхрана и редовна физичка активност, зајакнување на менталното здравје, унапредување на квалитетот на животот преку влијание врз менструалната сиромаштија, како и поддршка за мајките на деца со пречки во развојот.
Со пружање на финансиска поддршка на избраните проекти, dm оваа година ја заокружи својата инспиративна тримесечна кампања посветена на женското здравје. Таа вклучуваше разни активности, како што се соработка со експерти, лансирање на сопствен поткаст ,,Женски ритам“, бесплатни дерматолошки прегледи и отворени разговори за здравјето на жените преку нивните социјални мрежи. Тие велат дека се благодарни на сите учесници кои придонесоа во успехот на оваа кампања. Заедно, направија значаен чекор кон подобрување на здравјето и благосостојбата на жените во нашата заедница!