
Последен поздрав - со тага и благодарност
Почина коосновачот на и член на компанијата dm дрогерие маркт– Günter Bauer
Скопје, 7. октомври, 2020: Günter Bauer, еден од основачите и косопственик на dm дрогерие маркт Австрија / CEE почина рано наутро во неделата на 76 годишна возраст. Bauer, заедно со својот долгогодишен пријател и партнер, Götz Werner, ја основа компанијата dm дрогерие маркт во Австрија, далечната 1976 година. Во годините кои следеа тој учествуваше во експанзијата на компанијата во уште единаесет земји. Денес, подконцернот со седиште во Салцбург има повеќе од 21.000 вработени и 1.700 филијали и остварува промет од речиси 3 милијарди евра на годишно ниво. Неговото животно остварување го прави Günter Bauer еден од најуспешните претприемачи во Австрија и пошироко, што му ја носи титулата Kommerzialrat, која во Австрија се доделува за посебни придонеси и достигнувања во економијата.
Günter Bauer беше целосно посветен на визијата за создавање на компанија во 12-те земји од подконцернот, во која денес заедно работиме ставајќи ги пред сѐ основните вредности и ставови на dm, која како компанија на прво место го става човекот – купувачите и вработените, која преку постојано обновување останува секогаш релевантна и атрактивна, во која се цени квалитетното управување, компанија која е економски стабилно поставена и во која одговорното еколошко и социјално однесување не се само празни зборови.
За многумина, Günter Bauer, неговата слика за човекот, неговите визии, неговата волја и креативна моќ, како и целата негова личност, се неразделнo поврзани со историјата и природата на dm дрогерие маркт.
Günter Bauer и dm дрогерие маркт
Günter Bauer е роден во Мелк (Долна Австрија) во 1944 година, а пораснал во Кремс на Дунав. Брзо по завршувањето на неговата обука како трговец во малопродажба, Бауер, како веслачки ентузијаст не случајно се сели во Констанц на Бодензе (Боденско езеро). Тамошниот веслачки клуб, од кого и порано произлегле многу светски и европски шампиони, ги нудел совршените услови за професионален спортски развој.
Günter Bauer брзо наоѓа работна позиција во стоковната куќа Херти, каде од млад продавач за брзо време станува заменик-раководител на оддел со преку 50 вработени. Тогаш, во рамките на веслачкиот клуб Констанц се случува судбинската средба: Günter Bauer го запознава Götz Werner, подоцнежниот основач на dm дрогерие маркт, кој бил во последната година од својата обука како дрогериски работник. По само еден месец заеднички тренинг, двајцата амбициозни веслачи ја освојуваат својата прва регата во двојки, а оттогаш па натаму и секоја друга трка. По една цела успешна година, заради нови професионални предизвици на спортската кариера ѝ доаѓа крај. Но, веслањето и од него произлезениот меѓусебен респект, беа клучна основа за она што следуваше.
По неколку променети позиции кај одредени трговци во Германија и Авсртија, Günter Bauer го презема управувањето со централната администрација на компанијата-ќерка на Алди, Хофер, во 21-та виенска општина. Брзо потоа се сели во Хаусманштетен кај Грац, каде Хофер го градеше својот прв логистички центар.
За тоа време, Götz Werner ја остварува својата визија, да понуди дрогериски производи по поволни цени по принцип на самопослужување. Вернер го кани некогашниот партнер по веслање во Карлсруе, да ја посети новата иновативна компанија. Бауер, воодушевен од концептот „dm дрогерие маркт“ на почетокот на 1976 година се сели во Карлсруе за да, со своето искуство, придонесе кон развојот на новата компанија во Германија. Истовремено се основа dm како компанија и во Австрија, а кон крајот на 1977 Бауер се враќа во Австрија, за целосно да се посвети на изградбата и развојот на компанијата во својата родна земја. На 26 ноември, 1976 година ја отвора првата австриска филијала на dm во Линц.
Од посебно значење за развојот на dm во Австрија било преземањето на Вита-Дрогериите, со помош на компанијата Шпар во 1981 година. Со ова, dm презема дополнителни 60 филијали и ја удвојува својата продажна мрежа на 132 филијали. Кон средината на осумдесетите години Günter Bauer, со цел своите дрогерии да ги профилира на посебен начин и преку понуда на посебни услуги да се диференцира од конкуренцијата, ги развива претходниците на денешното „козметичко студио“ (dm Kosmetikstudio) и „dm-здрава пауза“ (dm Gesunde Pause), а во 1991 следува и dm „Фризерското студио“ (dm Frisurstudio).
Во исто време, падот на Берлинскиот Ѕид ја отвора можноста за пренесување на концептот „dm“ во соседните земји од Централна и Југоисточна Европа. До 1996 година се отворени дрогерии во Чешка, Унгарија, Словенија, Словачка, Хрватска и како и во Италија. Подоцна следи и проширување кон Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Северна Македонија. Денес dm дрогерие маркт има повеќе од 1.700 филијали во дванаесет земји од концернот, а повеќе од 100.000 купувачи дневно не можат да си го замислат своето секојдневие без dm.