Уште поубава дрогерија на старо место: Ја реновираме нашата дрогерија во ТЦ East Gate Mall

Драги наши,
Со задоволство ве известуваме дека на нашата дрогерија во ТЦ East Gate Mall ѝ дојде време за разубавување. Оваа дрогерија ќе биде затворена заради реновирање од 2 септември, па сѐ до 25 септември 2024.
По тој повод, во период од 29 август до 1 септември на сите наши купувачи во оваа дрогерија ќе им понудиме –15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ!
Направете список и се гледаме на шопинг!