
По повод Светскиот ден на животните: 750 килограми храна и средства за чистење донирани од dm дрогерие маркт за три скопски прифатилишта за кучиња.
Скопје, 4.10.2023. По повод Светскиот ден на животните, dm дрогерие маркт ги посети Здружението за заштита на животните „Happy Shelter‘‘, Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘ и Здружението - граѓанска иницијатива за заштита на животните ,,Кане Корзо Надеж‘‘. При оваа посета, најголемиот европски дрогериски ланец донираше 750 килограми храна за кучиња и средства за чистење, како помош за овие институции.
„4 октомври е Светскиот ден на животните, а ние сакавме да го одбележиме на вистински начин и да им посветиме внимание на оние кои највеќе зависат од нашата помош. Многу сме среќни што имавме можност да им пружиме поддршка на овие три организации, кои секојдневно несебично го посветуваат своето време, правејќи го животот на овие миленичиња поубав. Ова е уште еден начин да го свртиме вниманието кон тоа дека треба да продолжиме сите заедно да градиме посреќно опкружување за нашите миленичиња! “ – изјавија од компанијата.
dm дрогерие маркт е позната како општествено-одговорна компанија, која во своето десетгодишно успешно работење на нашиот пазар има реализирано низа општествено одговорни активности кои придонесуваат кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани. Со оваа донација, dm го прошири спектарот на своите хуманитарни активности, вклучувајќи и загрозени животни во своето портфолио на реализирани донации.
