Уште поубава дрогерија на старо место

Струмица, 27.7.2023- Со големи попусти, подароци и интересни забавни активности со DJ, dm ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во Струмица. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.
Реновирана дрогерија се простира на 379,49 m2 продажен простор, 53,36 m2 магацински простор и 20,84 m2 помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во Струмица dm донираше 118.000 денари од својот промет во хуманитарни цели на ЈЗУ Општа Болница од Струмица.