Ја боиме есента во шарени бои!

Со доаѓање на есента не престанува шаренилото од бои, нијанси, слободата во нивното комбинирање и храброста во создавање на нов и смел изглед. Напротив, треба да продолжиме уште посмело во нови предизвици, самоуверено и храбро.
Затоа, под мотото „Заедно, разиграно, во боја!“ ве покануваме на 28 октомври во 17 часот во East Gate Mall на нашиот dmBeauty настан - едно уникатно и инспиративно доживување кое ќе биде отворено за сите заинтерсирани!
Настанот ќе се одржи во непосредна близина на dm дрогеријата во East Gate Mall. На настанот ќе присуствуваат и бројни инфлуенсери и makeup артисти, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат во награден конкурс и да добијат makeup look и многу изненадувања и награди.
Покрај овие активности, сите посетители ќе имаат можност за дегустација на dmBio органски производи како и да присуствуваат на DJ set и да се фотографираат на нашето инстаграмско катче.