
Уште поубава дрогерија на старо место
Скопје, 23.2.2023- Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во трговскиот центар City Mall во Скопје. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.
Реновирана дрогерија се простира на 330,82 m2 продажен простор, 63,79 m2 магацински простор и 19,22 m2 помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.
Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во City Mall dm донираше 262.000 денари за набавка на спирометар за Асоцијација за Цистична Фиброза - Скопје.