
Уште поубава дрогерија на старо место
Скопје, 15.6.2023- Со големи попусти и забавна атмосфера со DJ, dm ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија на Бит-пазар. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.
Старо-новата реновирана дрогерија се простира на 237,02 m2 продажен простор, 70,00 m2 магацински простор и 22,43 m2 помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија
Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија на Бит-пазар dm донираше 127.000 денари за набавка на четири лабораториски светлосни микроскопи за ,,ЈЗУ Поликлиника Бит-пазар‘‘