Повлекување на производ babylove лажички

Почитувани купувачи,
dm drogerie markt го повлекува производот babylove лажички за самостојно хранење. Засегнати се исклучиво производи со број на серија 2521 и 2532 и баркод 4067796183429.
Овој податок можете да го најдете на пакувањето на производот над баркодот. Серијата не е отпечатена на самиот производ. Засегнатите серии веќе се повлечени од продажба.
Причина за повлекувањето: при користење на производот може да се одвојат мали делови од лажичките. За бебиња и мали деца постои опасност од гушење со овие мали делови.
Бидејќи бројот на серијата не е видлив на самиот производ, ве молиме да престанете да го користите производот независно од бројот на серијата и да го вратите производот, отворен или неотворен, во најблиската dm продавница, каде што ќе добиете поврат на средствата.
Ве молиме да ги известите и другите лица за ова повлекување, особено ако познавате некого на кого производот му е подарен или позајмен.
Квалитетот и безбедноста на нашите производи ни се од најголемо значење.
Жалиме за оваа ситуација и се извинуваме за настанатите непријатности, а за сите дополнителни прашања стоиме на располагање преку е-пошта на адресата info@dm.mk
Ваш dm