Крај на листата
BLACK UP – останете пријатели со сонцето!
Со првите зраци на сонцето и со топлото време, речиси не постои некој што не посакува да има убав, здрав и темен тен.
Но, со децении е присутна дилемата дали е сончањето здраво или не. Умереното изложување на сонце е значајно за правилен раст и развој на децата, а секако и за подобрување на расположението.
Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето. УВА- и УВБ-зраците индиректно влијаат врз добивањето бронзен тен, но воедно се и главните виновници за оштетувањето на кожата и за појавата на еритеми (црвенила), изгореници, на темни дамки, предвремено стареење на кожата и на канцерогени промени на кожата.
Дури и кога сте под сенка, треба да нанесете заштитен фактор. Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90 % од УВ-зрачењето минува низ него. Затоа, не заборавајте да нанесете заштитен фактор.
Производите од колекцијата BLACK UP содржат комбинација на УВА и УВБ- филтри, кои овозможуваат заштита од штетното влијание на УВ-зраците. Воедно, содржат и додатни компоненти, кои помагаат за добивање на посакуваниот бронзен тен и ја негуваат кожата.
Погледнете ги сите во продолжение и прочитајте повеќе за нив
BLACK UP производи
Масло за сончање BLACK UP З.Ф. 50, 150 мл
Масло за сончање BLACK UP З.Ф. 50, 150 мл
Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри и на витамин Е. Маслото за сончање со СПФ 50 овозможува висока заштита на кожата во текот на сончањето.
Во комплексната формула е применета комбинацијата на хемиски филтри УВА + УВБ + УВА/Б, меѓу кои и најефикасниот достапен хемиски филтер со широк спектар дејства, според европската легислатива.
Маслото содржи витамин Е и состојки што обезбедуваат целосна нега и пријатно кадифесто чувство на кожата при допир.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа.
- Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
- Водоотпорен.
Начин на употреба: се нанесува повеќепати во текот на сончањето.
Крем за сончање BLACK UP, З.Ф. 30, 100 мл
Крем за сончање BLACK UP, З.Ф. 30, 100 мл
Содржи комбинација на УВА- и на УВБ-филтри, масла, витамин Е, Де-пантенол и шеа- путер.
Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од сушење, притоа правејќи ја мека и еластична.
Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.
Де-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
Шеа-путерот уште е познат и како карите-путер. Тоа е екстракт што содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа, особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа.
Начин на употреба: рамномерно се нанесува на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.
Крем за сончање за лице BLACK UP, З.Ф. 30, 50 мл
Крем за сончање за лице BLACK UP, З.Ф. 30, 50 мл
Содржи комбинација на УВА- и на УВБ-филтри, витамин Е, Де-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.
УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри, кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин да ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејства и е особено препорачлив за чувствителна кожа.
Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.
Содржи Де-пантенол, кој е моќен навлажнувач и кој продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, кој има големо антиоксидативно дејство.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа.
Начин на употреба: се нанесува на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќепати во текот на денот.
Млеко за сончање BLACK UP, З.Ф. 20, 200 мл
Млеко за сончање BLACK UP, З.Ф. 20, 200 мл
Содржи комбинација на УВА- и на УВБ-филтри, масла, витамин Е и Де-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од сушење, притоа правејќи ја мека и еластична.
Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 20) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.
Шеа-путерот уште е познат и како карите-путер. Тоа е екстракт што содржи комбинација на сложени масти и на масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа, особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.
Де-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа.
- Водоотпорен.
Начин на употреба: се нанесува рамномерно на кожата 20 минути пред изложување на сонце и повеќепати во текот на сончањето.
Млеко за сончање BLACK UP, З.Ф. 15, 150 мл
Млеко за сончање BLACK UP, З.Ф. 15, 150 мл
Содржи комбинација на УВА- и на УВБ-филтри, масла, витамин Е и Де-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од сушење, притоа правејќи ја мека и еластична.
Оваа комбинација на компоненти овозможува создавање лесна хидрирачка емулзија, која лесно може да се нанесе со помош на пумпичка.
Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.
- Де-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен, чија кожа е лесно подложна на изгореници.
- Водоотпорен
Начин на употреба: се нанесува рамномерно на кожата повеќепати во текот на сончањето и по секое капење.
Крем за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект, 2 во 1, З.Ф. 15, 150 мл
Крем за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект, 2 во 1, З.Ф. 15, 150 мл
Кремот за сончање Black up со антицелулитен ефект е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зраци и паралелен антицелулитен ефект.
Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.
Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.
Антицелулитниот комплекс е составен од:
Природен изофлавон, добиен од зрната на сојата. Тој има моќно антицелулитно дејство и го спречува формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслојки. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.
Кофеин – придонесува за намалување на масните наслојки преку стимулирање на клеточниот метаболизам.
Карнитин – ги намалува масните наслојки на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, кои организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и на формирање масни наслојки.
Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата, поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).
Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и кои синергично дејствуваат врз намалувањето на целулитот и на масните наслојки.
Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото каде што е нанесен кремот, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.
Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен, чија кожа е лесно подложна на изгореници.
Начин на употреба: кремот се нанесува врз критичните делови на кожата 30 минути пред изложување на сонце и по секое капење.
Масло за интензивно потемнување BLACK UP, З.Ф. 10, 150 мл
Масло за интензивно потемнување BLACK UP, З.Ф. 10, 150 мл
Бронзениот тен е најпосакуваниот изглед во летниот период. Но како да се дојде брзо до бронзен тен, а да се избегнат еритемите (црвенилата) и изгорениците? Маслото Black up за интензивно потемнување со СПФ 10 нуди таква можност.
Комбинацијата на УВА- и УВБ-филтрите, маслото од орев и β-каротенот овозможуваат кожата во текот на сончањето побрзо да ја постигне убавата бронзена боја, без појава на изгореници и на црвенило.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен, чија кожа е лесно подложна на изгореници.
- Водоотпорен.
Начин на употреба: маслото рамномерно се прска на кожата 10 минути пред сончање и по секое капење.
Масло за сончање BLACK UP, З.Ф. 6, 150 мл
Масло за сончање BLACK UP, З.Ф. 6, 150 мл
Вградените филтри овозможуваат ниска заштита (СПФ 6) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците, а неговите дополнителни состојки ѝ ја овозможуваат потребната нега на кожата во текот на сончањето.
Содржи масло од морков, кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.
Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен, чија кожа не е лесно подложна на изгореници.
- Водоотпорен.
Начин на употреба: маслото се нанесува повеќепати во текот на сончањето.
Масло за интензивно потемнување BLACK UP, 150 мл
Масло за интензивно потемнување BLACK UP, 150 мл
Добивањето бронзен тен е најпосакуваната работа во летниот период. За таа цел се користат различни методи и препарати. Едноставен начин за да го добиете посакуваниот бронзен тен е употребата на маслото Black up за брзо и за интензивно потемнување.
Овој производ во својот состав содржи масло од орев и ß-каротен, кои овозможуваат кожата да постигне убава бронзена боја.
Витаминот Е дејствува антиоксидативно, па ја заштитува кожата од сушење и од предвремено стареење, а воедно овозможува нејзина подобра хидратација.
Содржи масло од морков, кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.
Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
Како пигмент ß-каротенот го олеснува добивањето бронзен тен.
Маслото од орев помага за добивање бронзен тен, но, исто така, претставува богат извор на есенцијални масла и на протеини, кои дополнително ја негуваат и ја штитат кожата, правејќи ја нежна, мека и еластична.
Маслото не содржи УВ-филтри и не заштитува од УВА- и од УВБ-зраците!
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен, чија кожа не е лесно подложна на изгореници.
- Водоотпорен.
Начин на употреба: маслото се нанесува повеќепати во текот на сончањето.
Млеко за после сончање BLACK UP, 200 мл
Млеко за после сончање BLACK UP, 200 мл
Содржи комбинација на висококвалитетни суровини, витамин Е, бисаболол и алантоин, кои интензивно ја негуваат кожата по сончањето, ја обновуваат и ја враќаат нејзината еластичност.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Бисабололот (изолирана, активна компонента од камилица) има противвоспалителни својства, со што дополнително ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенила.
- Де-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење.
- За мека и еластична кожа.
- Дерматолошки тестиран.
- За сите типови кожа, а соодветен е и за секојдневна нега на сува и на чувствителна кожа.
Начин на употреба: поголема количина од млекото се нанесува рамномерно на сува и чиста кожа по сончањето. Доколку е потребно, постапката може да се повтори.
Гел по сончање со разладувачки ефект BLACK UP, 150 мл
Гел по сончање со разладувачки ефект BLACK UP, 150 мл
Ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.
Ментолот претставува монотерпен, за кој е утврдено дека дејствува врз нервните завршоци со активација на протеинот TRPM8, познат како рецептор за ладно, и на тој начин обезбедува пријатно чувство на ладење по нанесувањето.
Екстрактот од овес содржи бета-глукан, кој создава тенок филм на кожата и истовремено продира во нејзините долни слоеви, каде што ја дава потребната влажност, а протеините што ги содржи го одржуваат нејзиниот природен изглед.
Екстрактот од алое вера е богат извор на витамини (А, Б6, Ц, Е) и на минерали (Mg, Zn, Na, Cu, K), кои го стимулираат формирањето колаген и со тоа ја обновуваат оштетената кожа.
Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
- Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
- Дерматолошки тестиран.
- Наменет е за сите типови кожа.
Начин на употреба: се нанесува во тенок слој, рамномерно, на чиста и сува кожа, по сончањето. Доколку е потребно, постапката може да се повтори.











