
Pro Climate производи во dm.
Во еден засега единствен и уникатен процес, dm разви нови производи, кои не само што се неутрални за климата, туку се неутрални за животната средина*. Но, што навистина е ова? Новите Pro Climate производи се неутрални за животната средина бидејќи се произведени со најмал можен еколошки отпечаток, а притоа компензираат пет неизбежни ефекти врз животната средина.
Нова сеопфатна метода
Ако сакаме да живееме одржливо и во склад со еколошките стандарди, обично исто така обрнуваме внимание на аспектите како што се регионалноста или пакувањето, покрај потеклото и методот на производство на производите. Постои навистина широк спектар на производи и услуги кои се „клима-неутрални“. Ова значи дека ефектите врз климата за време на производството, транспортот и потрошувачката се што е можно помали, а неизбежните количини на CO2 се компензираат, на пример преку проекти за пошумување.
dm оди голем чекор понатаму со своите Pro Climate производи и набљудува пет различни аспекти на животната средина - имено, покрај емисиите на стакленички гасови (CO2), ги набљудува и еутрофикацијата (оптеретување на водите), ацидификација (закиселување на почвата и водите) фотохемиски смог и оштетување на озонската обвивка.
*Компензација преку ревалоризација на земјиштето за пет категории на животна средина: емисии на CO2, еутрофикација, закиселување, фотохемиски смог, оштетување на озонската обвивка.
Петте компензации за влијанието врз животната средина.
Ефект на стаклена градина
Ефект на стаклена градина
Користењето фосилни горива, непланските сечи на дождовните шуми и одгледувањето на добиток предизвикуваат зголемување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата, меѓу кои и CO2. Истите пропуштаат дополнителна сончева топлина, но го попречуваат нејзиното повторно зрачење назад во вселената. Ова го зголемува ефектот на стаклена градина и глобалното затоплување.
Еутрофикација
Еутрофикација
Терминот „еутрофичен“ доаѓа од грчки и значи „добро нахранет“. Еутрофикацијата е активирана од човечки активности кои доведуваат до акумулација на хранливи материи (на пр. нитрат и фосфор) во водите во кои првично нема голема количина хранливи состојки. Алгите и водните растенија можат да се хранат и да се размножуваат претерано и да ги лишат од егзистенција другите растителни видови, малите организми и животните.
Закиселување
Закиселување
Ацидификација или закиселување значи дека pH-вредноста на системот, на пример почвата или водата, се намалува. Ова е предизвикано од таканаречени закиселувачки супстанции, како што е јаглерод диоксид при врнежи (кисел дожд). Многу растенија и морски животни не се толерантни на зголемување на закиселувањето. Ова има големи последици врз шумите и морските екосистеми и врз животот на многу организми.
Фотохемиски смог
Фотохемиски смог
Фотохемиски смог (или летен смог) е загадување на воздухот близу до земјата од високи концентрации на озон и други фото-оксиданти. Во лето, концентрацијата на озонот близу тлото на земјата се зголемува како резултат на зголеменото УВ зрачење и има штетно влијание врз растенијата и животните. Ова не треба да се помеша со далечниот озон на стратосферата, чија корисна функција е блокирање на ултравиолетовите (УВ) зраци до земјата.
Оштетување на озонската обвивка
Оштетување на озонската обвивка
Терминот го опишува разградувањето на стратосферскиот озонски слој. Разградувањето на озонот е предизвикано, меѓу другото, од гасовити халогени соединенија под посебни климатски услови и доведува до губење на заштитата од УВ-Б и УВ-Ц зрачење (озонска дупка).
Pro Climate компензациски пристап
Pro Climate компензациски пристап
Нашиот процес на неутралност за животната средина следи еден целосен и моментално единствен пристап:
Според еколошките проценки изработени од Техничкиот универзитет во Берлин, ги разгледуваме ефектите во пет области на животната средина (климатски промени, еутрофикација, закиселување, фотохемиски смог, оштетување на озонската обвивка), кои настануваат во текот на целиот животен циклус на производот, од вадење на суровина, производство на материјалот и производот, преку транспортот и употребата до одлагањето. Во развојот на производот на нашите нови Pro Climate-производи се обидовме да ги намалиме овие ефекти што е можно повеќе. Преостанатите, неизбежни влијанија врз животната средина од производството и одлагањето на производите потоа одржливо се компензираат со цел да се даде придонес за повторно воспоставување на еколошката рамнотежа. Со тоа одиме чекор понатаму од климатски неутралните производи кои исклучиво ги неутрализираат емисиите на СО. На овој начин, нашите производи се неутрални за животната средина* и активно придонесуваат за нејзина заштита.
(*Компензација преку ревалоризација на земјиштето за пет категории на животна средина: емисии на CO2, еутрофикација, закиселување, фотохемиски смог, оштетување на озонската обвивка.)
1. чекор: ЕКОЛОШКА ПРОЦЕНКА
Процесот на неутралност на животната средина започнува со еколошката проценка. Заедно со Техничкиот универзитет во Берлин го разгледавме целосниот животен циклус на одредени производи од нашите сопствени марки и ги поделивме во нивните „животни фази“. Производите се еколошки оценети од производството, преку употребата па сѐ до нивното одлагање како отпад. Притоа не само што регистриравме емисии на CO2, туку и влијанија врз животната средина во горенаведените пет области. Врз основа на наодите од проценките на животниот циклус (еколошките проценки), со помош на експерти и производствени партнери успеавме да ги идентификуваме можностите за оптимизација во сите фази од животниот циклус на производот.
2. чекор: РЕДУКЦИЈА
Сега производите можат да се произведуваат со најдобра можна еколошка проценка. Ова вклучува намалена употреба на материјали (суровини и амбалажи) како и промени во производните процеси со цел ефикасно намалување на влијанијата врз животната средина.
3. чекор: КОМПЕНЗАЦИЈА
Во рамките на еколошки неутралните производи на нашите dm марки, решивме преостанатите и неизбежни влијанија врз животната средина што се јавуваат при производството и одлагање на производот одржливо да ги компензираме со нашиот партнер HeimatERBE.
Како дел од производите неутрални за животната средина на нашите dm марки, ние во dm одлучивме да ги компензираме преостанатите и неизбежни влијанија врз животната средина кои се јавуваат при производството и одлагањето на производот заедно со нашиот партнер HeimatERBE на одржлив и причински начин - затоа компензираме до степен до кој се предизвикани. За таа цел, се пресметуваат влијанијата врз животната средина во категориите емисии на CO2, еутрофикација, закиселување, фотохемиски смог и оштетувањето на озонската обвивка по произведен производ и се монетаризираат, т.е. се конвертираат во парични средства со однос 1:1 во поглед на трошоците за животната средина.
Во методата на пресметка, моделот на компензација го следи:
а) стандардот на методата на Сојузната агенција за животна средина на Германија за утврдување на трошоците за животната средина;
б) постапките за проценка на биотопот на сојузните и државните агенции на Германија за заштита на природата и;
в) постапката развиена на Техничкиот универзитет во Брауншвајг (Braunschweig) за монетизација на влијанијата врз животната средина и компензација.
Пресметаниот паричен износ dm го вложува во еколошка санација на избрани деградирани површини во Германија, особено од рударството и индустриската употреба со ниска еколошка вредност и контаминирани места. Компанијата за компензација HeimatERBE GmbH ги ренатурира овие области или, по интензивно планирање за различно време на развој, ги подобрува на најдобар можен начин во поглед на заштитата на природата. Така на пример, се вложува во нови, отворени предели, сиромашни со хранливи состојки и необработени природни шуми, со што на овој начин долгорочно се создаваат еколошки вредни биотопи. Тие притоа помагаат да се унапреди биодиверзитетот - на пример, со нивните тампон-функции за микроклимата, да се справат со климатските влијанија и да придонесат за одржување на здравјето на луѓето.
Оваа надградба е повеќедимензионална и комплексна, бидејќи не сите области имаат исти проблеми и степен на контаминација. HeimatERBE гарантира разумна компензација што може да се провери во секој детаљ, а која вклучува еколошки трошоци за производство и одлагање на нашите производи. Сепак, не постојат мерки 1:1 за областите според категориите на животната средина, туку преку рамнотежа во однос 1:1 се создава еквивалентна компензација на влијанијата врз животната средина со целните вложувања.
Покрај тоа, кај одредени категории на влијанија, како што се еутрофикација и закиселување, материјалната компензација не е воопшто можна заради сложените ефекти врз (различните) форми на живот и биотопите. Компензациска „противмерка“ може да биде само поддршка на живеалиштата и формите на живот кои се особено погодени од овие влијанија на друг начин, на пример, со отворање на нови живеалишта за нив. Со цел да се осигураме дека ова ќе се случи квалитативно и квантитативно точно, неопходни се точни и детално разбирливи методи, како во делот „Зачувување на природата/екологија“, така и во дисциплината „Бизнис администрација (инвестиција)“ со кои обете страни ќе може да ги пресметаат трошоците точно до цент.
Овој целосен пристап е единствен, сеопфатен, комплексен и поскап од само компензација на СО. За прв пат воопшто, на тој начин мултидимензионално решаваме еден мултидимензионален проблем со животната средина.
Примери:
Во основа мора да се набљудува целиот животен циклус на еден производ, од добивањето на самите суровини, преку изработката, логистиката, па сѐ до неговото одлагање како отпад. Колку еден производ има негативно влијание врз околината зависи од самиот производ. На пример, кај тоалетната харија употребата на суровини и енергија е многу голема во текот на самото производство, додека пак кај детергентите за алишта најштетните влијанија врз околината се во текот во фазата на употреба (перењето).
(*Компензација преку ревалоризација на земјиштето за пет категории на животна средина: емисии на CO2, еутрофикација, закиселување, фотохемиски смог, оштетување на озонската обвивка.)
Како dm пробува да воспостави еколошка рамнотежа?
Pro Climate: прво смалување, а потоа компензација.
Со научна поддршка на Техничкиот Универзитет во Берлин (TU Berlin), беа направени проценки на сите фази на производство. Беа оптимизирани чекори на производството и беше направено што е можно поголемо намалување на влијанието врз животната средина. Но, што е со неизбежните влијанија врз животната средина: Со процесот на компензација ќе ѝ се врати на околината она што ѝ е одземено во процесот на производството на производот. Ова се компензира со пошумување и обновување, во првиот чекор, на одредени области во Германија (главно деградирани области од рударска и индустриска употреба).




