
Извештај за одржливост
Извештај за одржливост за деловната 2023/24 година
Како економска заедница, сакаме позитивно да придонесеме кон иднината. Во овој Извештај за одржливоста и иднината ги прикажуваме целите што си ги поставивме како dm групација и идеите што ги спроведуваме на патот кон нивното остварување.
Со нашиот извештај за одржлив развој, сакаме да ѝ дадеме на јавноста увид во нашите стратегии, цели и активности.
Одржливост преку дијалог
„Во dm, секојдневно се вклучуваме во развој и иновации за да останеме подготвени за иднината. Нашите корпоративни вредности и ставови нè водат при креирањето на соодветна понуда на производи и услуги што одговараат на потребите на нашите купувачи.“
Кристоф Вернер (Christoph Werner) – претседател на Управата на dm Германија
„Целиот меѓународен проектен тим беше воден од идејата дека извештајот не е само бирократска обврска, туку можност да ѝ даде смисла на таа обврска: добиената транспарентност ни помага да ги идентификуваме клучните области на дејствување и да преземеме уште понасочени мерки.“
Харалд Бауер (Harald Bauer) – претседател на Управата на dm Австрија и придружните земји
„Ние во dm веруваме дека одржливоста започнува со секојдневните избори - без разлика дали станува збор за асортиманот, локалните иницијативи или начинот на кој работиме. Посветени сме на создавање позитивни промени и поттикнување на одговорен став кон заедницата во која живееме и работиме. Преку континуирани активности, се стремиме да бидеме пример за одговорно дејствување во нашата околина.“
Alexandra Olivera Korichi – direktorka dm Srbija i Severna Makedonija
На следната веб-страница ќе најдете дополнителни информации за темите одржливост и одржлив развој, а ќе можете и да го прочитате Извештајот за одржливост.