dm во Европа
Да го направиме она правилното за купувачите на лице место

dm drogerie markt ги препозна можностите во Европа која се зближуваше и успешно проби нов терен, со тоа што се прошири во неколку соседни земји. Денес, компанијата е една од најголемите дрогериски ланци во Европа со вкупно повеќе од 3.660 филијали и околу 62.000 вработени. На меѓународно ниво, dm е организиран во две подгрупи: Подгрупата Австрија / CEE вклучува единаесет други земји од Централна и Југоисточна Европа, покрај Австрија: Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Северна Македонија и Италија. Од подгрупата Германија, покрај германскиот пазар се опслужуваат и пазарите ширум Европа.
Независно дејствување во смислата на целата dm заедница.
Во сите земји, dm се води од непроменливи основни начела. Токму тие начела во опсегот, во однос на ценовниот концепт, имиџот на филијалите или взаемната интеракција, го сочинуваат брендот dm.
„Имајќи го ова предвид, од колегите во секоја земја се бара да развијат вистински концепти за своите купувачи и да донесат правилни одлуки во соодветното пазарно опкружување“, објаснува Манфред Кинер, заменик претседател на управниот одбор на dm.
Интернационален менаџмент на компанијата dm
Централното место во економската заедница на dm го заземаат меѓународните услуги: Според нивната професионална распределба, тие одговараат на поделбата на секторите, но не се однесуваат само на една земја, туку во координација со секторите на организацијата во земјата, тие обезбедуваат услуги за сите земји. Менаџерите на професионалните области се одговорни за нив под водство на меѓународната група директори, која ја сочинуваат директорот на dm Австрија со претседателот Мартин Енгелман.

Хуберт Крабихлер (Hubert Krabichler), директор на dmAT и dmIT
Бернхард Мозер (Bernhard Moser B.Sc.), директор за маркетинг и меѓународен OCR
Маг. (FH) Петра Мати-Когелник (Petra Mathi-Kogelnik), директор за меѓународни човечки ресурси
Харалд Бауер (Harald Bauer), претседател на управата
Маг. (FH) Штефан Хајглауер (Stefan Heiglauer), директор за меѓународна логистика
Маг. Мартин Енгелман (Martin Engelmann), директор
Dipl.- Kfm. Андреас Хајдингер (Andreas Haidinger), директор за меѓународен F&C и ISM Маг. (FH) Марлен Драшвандтнер (Marlene Draschwandtner), управен директор за меѓународен асортиман на производи
Томас Кек (Thomas Köck), директор за меѓународна експанзија
Национални карактеристики
Во некои земји има видливи модификации во асортиманот, особено, покрај меѓународните врвни брендови и марките на dm, наведени се и типични домашни производители. Изборот на локација е исто така прилагоден на условите за живеење, подвижноста и достапната понуда во земјата. И покрај националните карактеристики и неопходности, се трудиме секогаш dm да остане единствен и препознатлив со 1.671 филијали во концернот и да биде постојано високо ценет од своите купувачи.
Тесна соработка преку националните граници
Секогаш кога се отвора нов пазар не изостанува поддршката од колегите од Австрија и од етаблираните dm земји. Мрежата за соработка станува сè поцврста. Распределбата на dm марките во земјите од југоисточна Европа повеќе не се одвива во австрискиот дистрибутивен центар во Енс, туку ја водат колегите во Унгарија. Во врска со изгледот на филијалите, како и IT секторите, се создаваат локални стручни центри кои ги преземаат одговорностите за одредени dm земји. Ова служи од една страна како ефикасен начин на распределба на одговорностите, како и можност за понатамошен развој и обука на колегите во самите центри.
"Не секаде истото, туку секаде да го направиме правилното – и тоа на тој начин, што покрај целата индивидуалност, ќе го запазиме силниот и заеднички настап на dm како бренд. Ова се задачите на водството на dm во тринаесет европски земји“ – Манфред Кинер, заменик претседател на управниот одбор на dm