dm низ бројки
dm drogerie markt e еден од најголемите дрогериски ланци во Средна и Источна Европа. Првата продавница во Австрија е отворена во 1976 година во градот Линз. dm се развиваше и го освојуваше австрискиот пазар, па од 1993 година почна да се шири на пазарите во Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, С.Македонија, Италија и Полска.
Во деловната 2022/23 dm во С. Македонија оствари промет од речиси 3.07 милијарди МКД, што претставува раст од 36,6%.

dm во Европа – Да го направиме она правилното за купувачите на лице место
30.09.2024
dm drogerie markt ги препозна можностите во Европа која се зближуваше и успешно проби нов терен, со тоа што се прошири во неколку соседни земји. Денес, компанијата е еден од најголемите дрогериски ланци во Европа со 1.947 дрогерии и повеќе од 28.353 вработени*. На меѓународно ниво, dm е организиран во две подгрупи: Подгрупата Австрија / CEE вклучува единаесет други земји од Централна и Југоисточна Европа, покрај Австрија: Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Северна Македонија и Италија. Од подгрупата Германија, покрај германскиот пазар се опслужуваат и пазарите ширум Европа. Во 2021 година dm кон своето семејствo ја припои и Полска, која стана 14-та земја во концернот.
*Податоците се однесуваат на dm Групација – Австрија и концернски земји (без Германија и Полска).
Независно дејствување во смислата на целата dm заедница.
Во сите земји, dm се води од непроменливи основни начела. Токму тие начела во опсегот, во однос на ценовниот концепт, имиџот на филијалите или взаемната интеракција, го сочинуваат брендот dm.
Национални карактеристики
Во некои земји има видливи модификации во асортиманот. Покрај врвните меѓународни брендови и сопствените марки на dm, застапени се и типични домашни производители. Изборот на локација е исто така прилагоден на условите за живеење, подвижноста и достапната понуда во земјата. И покрај националните карактеристики и неопходности, се трудиме dm секогаш да остане единствен и препознатлив со 3.862 филијали во концернот и да биде постојано високо ценет од своите купувачи.
Тесна соработка преку националните граници
Секогаш кога се отвора нов пазар не изостанува поддршката од колегите од Австрија и од етаблираните dm земји. Мрежата за соработка станува сè поцврста. Распределбата на dm марките во земјите од југоисточна Европа повеќе не се одвива во австрискиот дистрибутивен центар во Енс, туку ја водат колегите во Унгарија. Во врска со изгледот на филијалите, како и IT секторите, се создаваат локални стручни центри кои ги преземаат одговорностите за одредени dm земји. Ова служи од една страна како ефикасен начин на распределба на одговорностите, како и можност за понатамошен развој и обука на колегите во самите центри.