КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Zwei Kollegen bei dm arbeiten am Tablet.

Работа во централа 

За сѐ да се одвива беспрекорно, како во филијалите, така и кај нашите купувачи, потребна е добра координација од позадина. Од централата се водат сите важни процеси: во тесна соработка со филијалите и преку темелна размена на информации, обезбедуваме најдобра атмосфера за пазарување за нашите купувачи. 

Но не само нашите купувачи, туку и нашите вработени ни се во центарот на нашите заложби. Сакаме да ги воодушевиме нашите колеги, а тоа го гледаат и чувствуваат и купувачите при секое пазарување кај нас. 

Работиме преку границите, посебно со dm Австрија, како концернска централа и сме во постојана размена на информации и искуства. Независно дали од технички аспект, комуникациски или асортимански: сите заедно го правиме dm тоа што е.