Караванот на мајчинство продолжува и оваа година
Со голема радост ви најавуваме дека ја започнуваме втората сезона од „Караван на мајчинство“, повторно во прекрасна соработка со Матрона!
По успешната година, во која реализиравме дури 11 обуки онлајн и низ целата земја, повторно креираме топла и инспиративна средина за мајките – простор за дружба, поддршка и вредна едукација.
Обука на 22 април
Нашата трета бесплатна обука се одржа на 22 април. Темата беше „Ран моторен развој кај децата – практични совети од ортопед! ” а предавач беше прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед, која со нејзините практични совети ги советуваше нашите учеснички како да го олеснат секојдневието на своето детенце.
Обука на 23 март
Караванот на мајчинство продолжува со втората обука која се одржа онлајн на 23 март. Темата беше „Мирни ноќи за целото семејство!” а предавач беше Др. Сања Ѓорѓев, лиценциран тренер за спиење, која со своето искуство им помогна на нашите учеснички полесно да го поминат периодот на стекнување на навика за спиење.
Обука на 25 февруари
Оваа година, Караванот на мајчинство започна со првата обука која се одржа онлајн на 25 февруари. Темата беше „Првиот оброк: Правилни чекори за безбедна и здрава дохрана на вашето бебе“, а предавач беше Др. Марина Поп Лазарова – неонатолог, која со своето знаење ги водеше учесничките низ важните аспекти на овој деликатен период.
За Матрона
Здружение на граѓани за промоција и поддршка на здравјето и заштита на човекови права МАТРОНА ИНТЛ Скопје
Главен фокус е вложување во современо здравство и поздрава иднина за нашите граѓани. Една од таквите активности е секако и постојаната поддршка и информирање на јавноста за важноста на доењето за идните генерации. Покрај овие главни цели, Матрона поддржува и организираме и многу други проекти кои се за информирање на трудниците за поздрава иднина.