КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
idnina koja inspirira

Пет инспиративни проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните ќе имаат можност да изберат уште еден! 

Платформата „Иднина која инспирира влегува во својата завршна и највозбудлива фаза. 

По разгледувањето на 74 пријавени проекти, стручното жири, кое го сочинуваа Гоце Калинов од „Ретвитни оброк“, Далиборка Златева, претседател на „Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“, Ико Брдаровски, менаџер за грижа за корисници во „Пакомак“, како и тројца претставници на dm, ги избра петте проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од dm во вкупна вредност од 2,9 милиони денари

Избраните проекти носат позитивни промени во областите на заштитата на животната средина, социјалната поддршка, инклузијата и развојот на локалните заедници. Од чистење на Охридското Езеро, преку поддршка за ранливи категории граѓани и бесплатна правна помош, до инклузивен спорт и иницијативи за благосостојба и грижа за заедницата, сите пет проекти имаат една заедничка цел: да создадат подобра иднина за сите. 

Повеќе за проектите прочитајте на следниот линк -  

Но, тука не завршува приказната! 

Од 14 до 27.9.2026, зборот го имаат граѓаните. Преку онлајн гласање, јавноста ќе може да избере уште еден од вкупно три проекти што ќе добие дополнителна поддршка од dm

🚀 Погледнете ги проектите на следниот линк и гласајте за вашиот фаворит -  

Со „Иднина која инспирира“, dm уште еднаш покажува дека вистинските промени се создаваат кога добрите идеи добиваат шанса да се реализираат, а заедницата активно се вклучува во нивното создавање.