Пронајдете ја инспирацијата за најубавиот подарок
Дојден месец мај! Сѐ околу нас е расцветано и има шарени бои, мирисот на пролетта се чувствува секаде во воздухот... тоа значи едно нешто: Новите почетоци се на прагот! Со крајот на учебната година, започнува периодот кој е исполнет со еуфорија поради матурските и полуматурските прослави, а тоа ве доведува до едно важно прашање... кој е идеалниот подарок за оваа пригода? Внимателно и без многу мака избран „мал знак на внимание“ кој ќе донесе насмевка на сечие лице е она кон кое целите, а ние сме тука да ви го направиме изборот лесен и разновиден!
Дали знаете дека кога ќе влезете во dm ќе пронајдете повеќе од 2000 парфеми, шминки и подарок сетови кои имаат секогаш поволно цени? Без разлика дали барате подарок за љубител на егозтични мирисни ноти, makeup ентузијаст или некој кој едноставно сака да се негува од глава до пети – нашите подароци ги исполнуваат сите желби! А за искуството да биде целосно, не заборавајте дека сите подароци купени во dm, бесплатно ќе ви ги спакуваме!
Погледнете во продолжение дел од нашата понуда, а посетете ја најблиската dm дрогерија за да го зачувате вашето време и вашиот буџет!
Парфемот е секогаш добра идеја
Парфемот е исклучително сестран подарок кој може да претстави низа емоции: романтична љубов, пријателска приврзаност или мал знак на внимание. Поради тоа, парфемите многу често ги подаруваме на оние личности кои на кој било начин ни се посебни. Кој парфем ќе биде вашиот идеален подарок?
Парфеми
Мали подароци, голема радост
Подарок сетовите се избор со кој никогаш не може да погрешите. На внимателно одбраните сетови се радуваат сите. Откријте го нашиот асортиман на подарок сетови и меѓу нив пронајдете го оној кој најдобро одговара на личноста за која го избирате.
Подарок сетови
Погрижете се и за својата среќа
Колку внимание треба да им посветите на другите, а колку на себе? За среќа, едното не го исклучува другото, затоа ова нека биде период во кој ќе работите на својата среќа и убавина! Наградете се со мала ситница, на пример мал додаток во вашата makeup колекција!