КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Најчесто поставувани прашања за нега на коса
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 17 Мин.

1/3/2024

Вие прашавте, ние заедно со Даниел ви даваме одговори: Кои се тајните на убава и негувана коса?

Кратка или долга? Права или кадрава? Руса или темна? Тенка или со волумен?

Постојат навистина многу типови на коса, но и многу проблеми со кои се соочуваме сите ние кога се во прашање правилниот третман и негата!

Затоа, во текот на изминатиот месец, на нашите социјални мрежи имавте шанса да го прашате професионалниот фризер Даниел Артевски сè што ве интересира за нега на косата во домашни услови. Добивме голем број на прашања, а во продолжение може да ги погледнете одговорите за истите!

1. Кои се корисни совети за нега на косата, која е правилната рутина?

Да бидеме јасни, за здрава и убава коса колку што е важно какви производи користиме - толку е важно и како ги користиме!

Рутината е следна: Редовна хигиена со миење на косата два до три пати во седмицата и по можност ако е доволно едно шампонирање.
Користење на балсам или маска на секое миење. Балсамот може да се измие веднаш, но маската мора да делува неколку минути. Додека чекате да делува расчешлувајте, почнувајќи од врвовите па сѐ до коренот.

И обрнете внимание секогаш последното плакнење да биде со што постудена вода. Тоа ќе ја затвори кутикулата на влакното и ќе даде природен сјај.
Користете производ за заштита од топлина пред секое стилизирање и со вашиот фризер одберете фризура адаптирана на вашиот тип на влакно и нема да е потребно агресивно стилизирање.

2. Во последно време многу ми опаѓа косата. Што можам да направам?

Опаѓањето на косата предизвикува страв и паника кај сите нас, но што треба да знаете: Обновувањето на косата најчесто е сезонски, секогаш е со различен интензитет и знае да трае со недели, но не очајувајте - ова не е ништо страшно и се третира со козметика. 

Сите останати медицински проблеми со опаѓање и алопеција се случуваат во краток период од неколку дена и во ваков случај се посетува дерматолог.

Да не го изоставиме и генетскиот фактор кој не може да го спречиме, но можеме да го ублажиме и одложиме со правилна рутина.

Органик серумот со Б комплекс е генијално решение за хранење на фоликулата на влакното, можете да го користите и доколку немате проблем со опаѓање, а сакате да го зајакнете влакното и да направите да расте побрзо, со додавање на серумот во кој било шампон.

Шампонот исто така игра голема улога за стопирање на опаѓањето. Alpecin C1, претпоставувам познат на повеќето, е шампон со кофеин кој според мене функционира најдобро.

А по миењето задолжително завршете го процесот со нанесување тоник или лосион против опаѓање во коренот.

3. Совети за грижа на фарбана/нијансирана коса?

Одлично прашање! Ова е мојата омилена тема. 80% од девојките не се свесни колку е важна негата на боена или осветлувана коса и колку постабилна, долготрајна и убава боја ќе имате со соодветна нега.

Измивачот или шампонот игра клучна улога за долготрајност на бојата. Супер би било да има УВ заштита или со еден збор KEUNE DESING Color Care. Едноставно, предобар!

Исто да знаете дека за хемиски третирани коси не е доволна само маска за коса. Третманите за боена коса се многу важни, а скоро открив еден генијален производ кој е лесен за домашна употреба, неговото величество - GLISS 7 SEC Express Repair. И како финиш на третманот доволен е Balea балсамот за заштита на боја.

4. Која маска да ја користам и дали од маски се мрси косата за пократко време?

Ова е можеби еден од најголемите нерешени митови кај девојките. Мојот став е дека задолжително треба да се користи маска која ќе ја заштити косата од секаков вид на влијанија. 

Маската ја нанесувате од врвовите, по целата должина на косата, избегнувајќи го коренот. Иако најчесто девојките ја нанесуваат со раце, но за да се распореди рамномерно мој совет е нежно да ја чешлате косата за производот да навлезе во секое влакно.

Она што е важно е да ја одберете вистинската маска за вашиот тип на коса, за да не дојде до контраиндикации или несакани ефекти, како побрзо мастење.

Така што, девојките со пофини, нежни, тенки и кршливи коси треба да користат маски што се наменети за зајакнување на структура на влакното и кои се лесни и хидратантни.

Оние со подебело, остро, суво, хемиски или термички третирано влакно - треба да користат хранливи маски што се на база на протеини и кератин.

Девојките пак со природни коси коишто немаат позначителен проблем, доволно е да користат лесен регенератор за коса.

5. Што да користам за подефинирани локни?

Имајте на ум дека скоро сите кадрави коси без оглед на дебелината на влакното се природно доста суви, па им треба посебна нега со длабока хидратација.

Прво започнуваме со соодветен шампон наменет за кадрици. аlverde сертифицираната природна козметика има одличен шампон со органско ленено семе токму за оваа намена. Располага со изобилство на есенцијални масла и антиоксиданси.

Потоа нанесете Garnier Banana Hair Food маска за сува коса и оставете ја да делува 5-10 минути. Гледајте да плакнете со што постудена вода бидејќи виткана коса и врела вода не одат заедно.

Доколку сакате природно дефинирани локни - нанесете од Balea кремот по целата должина. Ова е многу популарен производ кој не се плакне, а освен што го олеснува чешлањето, им дава на кадриците одлична форма - и нешто што не го знаат сите е дека  може да го нанесете и на сува коса, на пример еден ден по миењето кога кадриците ќе ја загубат формата.

А за дополнителна заштита и обновување може да го употребите Pantene Keratin Protect Oil.

6. Никогаш не сум имала првут во косата, но пред неколку дена забележав дека започнува да ми се прави. Која е причината за тоа? Како можам да го отстранам?

Тука нема простор за паника, ова е многу природен процес што се случува кај секого во одредени циклуси. Првутот е всушност мртви клетки од кожата на главата, и како што правиме пилинг на лице и тело треба да правиме и на скалпот за да му помогнеме што полесно да ги исфрли тие мртви клетки.

Ритуалот е следен: Коренот го прскаме директно со Органик серумот против првут и масираме 10 минути со помош на специјална четка.

Откако сме направиле детокс на скалпот, измиваме со шампон против првут.

Ритуалот го финишираме со Balea балсамот со екстракт од бел чај, кој го враќа природниот баланс на скалпот.

Постапката ја повторуваме во секое наредно миење сѐ додека не видиме дека првутот исчезнал. Од сѐ што имам лично јас пробано против првут, овој ритуал функционирал најдобро.

7. Кои се 5  ,,must have’’ производи за здрава и убава коса?

Број 1 - Што понеутрален и лесен измивач, шампон кој во неговиот состав нема парабени и сулфати.

Број 2 - Регенератор или маска за коса. Важно е да биде наменета за точниот тип на влакно и проблематиката со која се соочувате.

Број 3 - Производ за хидратација на коса без оглед дали е во форма на серум или спреј бидејќи е исклучително важно секојдневно да се хидрира влакното.

Број 4 - Никако не одбегнувајте стајлинг производ, којшто ќе направи вашата коса да изгледа средено и перфектно стилизирано!

И број 5 - задолжително имајте своја лична четка со природни влакна којашто ќе ја измазни косата и ќе ѝ даде неверојатен природен сјај.

8. Како да одредам кој е вистинскиот шампон за мене, односно да го одредам мојот тип на коса? На пример, имам масен корен, а суви врвови – дали треба да користам шампон за сува или за масна коса?

Одредувањето на тоа каков тип на коса имате е прилично едноставно и најчесто сe поклопува и со типот на кожата - на пример масна, сува или пак комбинирана.

Измијте ја косата и без да нанесувате дополнителни производи почекајте до следното утро. Земете марамче и допрете до скалпот. Доколку забележите маснотија - тогаш вашата коса дефинитивно е масна.

А, во вакој случај на комбинација масен корен, но суви краеви Balea Professional шампонот со про баланс би помогнал многу бидејќи содржи кератин и глина. Но, за краевите потребно е секогаш дополнителна нега, како на пример Balea Professional Spliss Protection серумот за испукани врвови со масло од бадем и масло од семки од грозје којшто длабински ќе го нахрани и исхидрира сувиот крај на влакното.

И да, секако шишајте ја вашата коса редовно. Најмалку на 3 месеци за да се ослободите од оштетените врвови.

9. Како подолго да ја сочувам исправена косата?

Често девојките кои имаат кадрава или брановидна коса агресивно ја исправаат со висока температура мислејќи дека така ќе добијат долготраен ефект на мазна и права коса, но имајте на ум дека влажноста на воздухот е голем непријател на пегланата коса. Па колку и да сте ја испеглале агресивно, таа за кратко време ќе се врати во својата првобитна состојба.

Victoria Beauty кремот за права коса е вистински SOS во оваа ситуација и освен заштитата од топлина, тој одлично се справува и со несаканиот frizz ефект.

Што се однесува фризурата да е долготрајна - тука е Onlyoung спрејот. А на крај секогаш конзервирајте го влакното со течни кристали.

10. Дали ти користиш некои производи од dm? Aко да, кои?

Често знам да влезам во dm, чисто за да си ја видам понудата, бидејки скоро па секој клиент ме прашува што да земам од dm? И скоро па никогаш не сум излегол со „празни раце”.

Сакам да експериментирам со нови производи и да користам нешто ново, па постојано се случува да си најдам некој производ кој станува дел од мојата рутина.

11. Како да ја негувам масната коса? Односно, нега за коса која брзо се масти?

Лачењето на себумот којшто ја масти косата не е возможно да се стопира, но со соодветна нега може да се балансира и регулира.

За почеток, почнете не толку често да ја миете косата со мицеларен шампон, како што е Nivea Purifying Micellar шампонот - не повеќе од 3 пати во неделата. Сè додека не успеете да го изрегулирате лачењето, користете шампон за суво миење Balea 5in1 Trocken Shampoo.

И додека трае процесот на регулирање на прекумерно мастење, не користете маска туку лесен балсам, на пример Pantene Аqua Light балсамот.

12. Како да ја негувам сувата, оштетена коса?

Без оглед на тоа дали оштетувањето настанало по термички или хемиски пат, оштетените коси се целосно дехидрирани, па им е потребна интензивна длабинска нега!

За почеток, никогаш не одбегнувајте препарат за заштита од топлина. Balea спрејот за заштита од топлина, штити и до 220 степени.

За да ја вратите живоста на веќе оштетената коса, користете професионални производи со кератин и арганово масло како Balea Professional Oil Repair линијата за оштетена коса од која се воодушевив колку добро фунционира ако се следи целата програма од шампон,  маска и масло.

13. Stay in регенератори – да или не?

Апсолутно ДА! Секоја дополнителна нега без оглед дали е во форма на спреј, серум, или крема коишто не се измиваат, даваат одлични резултати.

Имајте на ум дека шампонот и маската не се доволни за правилна нега. Stay In регенераторите би ги ставил како задолжителен производ пред секое чешлање на косата.

14. Препорака за пристапни шампони за коса?

Ако барате пристапен шампон за коса кој ќе го поддржи процесот на регенерација на косата и скалпот, го препорачувам Balea шампонот за хидратација со витамин Б3  и провитамин Б5.

15. Кое е најдобро масло за коса?

Дефинитивно аргановото масло се покажа како масло со највеќе придобивки за косата. Топло го препорачувам Redist Morrocan аргановото масло.

16. Совет за хидратација на сува/нормална коса?

Покрај шампон, маска или регенератор коишто се наменети за сува коса – користете и производ за дополнителна секојдневна хидратација кој не се измива – без оглед дали е во форма на спреј, серум или крем.

17. Како до погуста коса? Колку кокосовото масло помага за грижа на косата?

За жал не постои магично стапче што би ја згуснало косата на краток рок. Правилната рутина на долг рок ќе помогне да ја задржите густината и квалитетот на влакното.

Во однос на маслото од кокос, апсолутно помага и има доста бенефити – мојот совет е да го нанесувате пред миењето и да го оставите да делува 15-20 минути.

18. Како со правилна нега и кои производи да се користат за зацврстување на тенко влакно на коса?

Тенките коси се доста кршливи. Производите со колаген помагаат доста за да се зајакне и зацврсти влакното.

Мојот совет за оваа проблематика е да се комбинираат производи од различни линии – така што го препорачувам шампонот и спрејот на Balea Professional Fülle + Pracht линијата, а регенераторот од Balea Professional Collagen Power линијата која е за против кршење на влакното.

19. Како од ретка до густа коса? Дали косата може да се згусне?

Пред сè треба да знаеме со каков квалитет на влакно располагаме и врз основа на тоа да најдеме прикладна фризура со соодветна должина.

Не секој  тип на влакно може да достигне голема должина, па мојот совет е да го нахраните влакното со Only-B комплексот витамини со додавање во кој било шампон за да добиете максимални резултати во однос на должината.

20. Кое масло е најдобро за поттикнување на раст на косата?

Маслата нема да помогнат за поттикнување на раст. Она што би помогнало е хранење на фоликулата на влакното со серуми/бустери на база на витамин Б.

21. Препорака за шампон и маска за нега на тенка, нефарбана коса?

Со оглед на тоа дека станува збор за хемиски нетретирано и тенко влакно, мој совет е наместо маска да користите лесен регенератор и тоа од линијата на Pantene Pro-V Aqua.

  1. Nivea

    мицеларен шампон, 400 мл

  2. Balea PROFESSIONAL

    OIL REPAIR шампон, 250 мл

  3. Balea PROFESSIONAL

    OIL REPAIR маска за коса,300 мл

  4. Balea PROFESSIONAL

    OIL REPAIR масло за коса, 100 мл

  5. GLISS

    leave-in регенератор, 200 мл

  6. Balea

    хидратантен шампон, 300 мл

  7. REDIST

    арганово масло за коса, 100 мл

  8. Balea PROFESSIONAL

    шампон, 250 мл

  9. Balea PROFESSIONAL

    спреј за коса, 150 мл

  10. Balea PROFESSIONAL

    COLLAGEN POWER балсам за коса, 200 мл

  11. ОРГАНИК

    Б-комплекс бустер за коса, 30 мл

  12. PANTENE

    AQUA LIGHT балсам за коса, 200 мл

Крај на листата

22. Совет за нега на сува, слаба, без волумен и кршлива коса? П.С. Појаки шампони сум пробала и не ми одговараат.

Штом е сува, слаба и кршлива косата, во шампонот мора да има кератин. Мојот предлог е Syoss Keratin шампонот токму за оваа проблематика, а што се однесува до волуменот пробајте го Balea спрејот за волуменозен ефект.

23. Кој е најдобар производ против расцветани врвови за густа и долга коса?

Тоа е дефинитивно Balea Professional Spliss Protection серумот за врвови, особено за долга и густа коса. Може да се користи секојдневно, не само по миење на косата.

И да, секако земете предвид дека редовното шишање по 1 цм на 3 месеци е задолжително за здрава и убава коса.

24. Кои се неопходни состојки на шампонот за побрз раст на косата? Или кој шампон конкретно?

Шампоните коишто имаат Б-комплекс или пак шампоните со кофеин дефинитивно го стимулираат растот! Only-B бустерот може да се додаде во кој било шампон.

25. Рицинусово или арганово масло за потхранување на влакното?

Аргановото дефинитивно! Особено мароканското арганово масло на Redist. Искрено, рицинусовото масло сметам дека е застарен метод за нега на коса.

26. Мислење за Kallos козметиката за коса?

Мислам дека во однос на цената, нуди солиден квалитет. Лично ја имам пробано маската со кератин, која не сметам дека е лоша. Напротив, мислам дека си ја завршува својата функција.

27. Како  да ја смирам наелектризираната коса по фенирање?

Многу често електрицитетот на косата се појавува доколку премногу агресивно ја миете косата. Користете антистатички четки и чешли, а по фенирањето користете лак за коса кој нема да е со ефект на силно зацврстување (максимум до 3). Тоа би ги смирило сите оние кратки влакна кои се разлетани.

28. Би сакала да ми препорачаш најприроден шампон за здрава и природна коса?

Тоа дефинитивно е некој од сертифицираната природна козметика на alverde. Мене лично многу ми се допаѓа alverde шампонот со билки, кој нежно ја чисти косата и ѝ дава свежина.

29. Препорака на производ за сув скалп што чеша и масна коса?

Не е возможно скалпот да е сув, а косата масна бидејќи маснотијата на косата доаѓа преку скалпот.

Претпоставувам дека станува збор за чувствителен скалп и масна коса, а во ваков случај препорачувам што понеутрален измивач или мицеларен шампон. Мој предлог е Nivea мицеларен шампон за чувствителен скалп.

30. Препорака за шампон за раст на коса и спречување на кршливост?

Моја препорака е Balea Professional Collagen Power шампонот кој ќе го спречи кршењето на влакното. Во него додадете од бустерот  Only-B кој ќе го стимулира растот.

31. Дали детските шампони може да бидат корисни за виткана коса?

Па, во секој случај не би ѝ штетеле бидејќи тие се доста лесни и неутрални шампони, но не би биле доволни за да ја хидрираат витканата коса. Мој предлог е да го пробате  Maui MOISTURE Curl Care шампонот за кадрици.

32. Препорака за добар шампон за бујна, сува, тврда коса која тешко се обликува (тешко се чешла), постојано ми е заплеткана, а се чешлам повеќе пати дневно. Со премногу волумен, не ми е ни права, ни виткана, туку нема никаква форма ако не ја испеглам или исфенирам.

Шампонот не би играл голема улога за оваа проблематика. Она што би помогнало е маска и дополнителна нега. Gliss протеинската маска со шеа путер е маска којашто и не мора да се плакне бидејќи ова доста би ја смирило косата. Но, и ONLYOUNG 10 во 1 спрејот може да го користите после секое миење.

  1. SYOSS

    KERATIN шампон, 440 мл

  2. Alpecin

    C1 шампон, 250 мл

  3. Balea

    GLOSSY&SHINE спреј за коса, 300 мл

  4. аlverde

    шампон со билки, 200 мл

  5. Maui

    шампон за кадрава коса, 385 мл

  6. GLISS

    протеинска маска за коса, 400 мл

  7. ONLYOUNG

    10 во 1 спреј за коса, 150 мл

  8. Balea PROFESSIONAL

    серум за расцветани врвови, 30 мл

Крај на листата