КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

1/3/2024

Одмор од соништата за вашата кожа: Нега со производи од Мртво Море!

Векови наназад капењето во Мртвото Море се смета како лековито. А, многу производи го користат ова како состојка за нега на вашата кожа.

Лековитото капење во Мртвото Море ги влече своите корени од антиката. Високиот процент на сол, со околу 30%, овозможува буквално лебдење на површината, а самото капење е повеќе од релаксирачко. Дополнително, остатоците од сол на брегот се користат и како пилинг за кожата од сите посетители.

Разновидни примени

Делотворните својства кои му се препишуваат на Мртвото Море се разновидни. Па така, капењето во морето треба да ги олесни тешкотиите во движењата. Исто така, лековити дејства му се препишуваат и при различни проблеми и воспаленија со кожата. Минералите кои се содржани во самата вода и во калта од Мртвото Море како магнезиум, калиум, калциум, бром и јод, според тврдењата, ја подобруваат состојбата на кожата и придонесуваат кон подобра клеточна размена на материи.

Нега, инспирирана од Мртвото Море

Со помош на бројните производи со состојки од Мртвото Море, можете да си дозволите и совршена нега во комфорот на вашиот дом. Маслениот пилинг од Balea SCHÖHNEITSGEHEIMNISSE е еден од производите кој е инспириран од лековитите дејства на Мртвото Море. Комбинацијата од бел чај и сол од Мртво Море ви пружа неверојатно чувство на мека и свилена кожа. Balea MED Ultra Sensitive лосионот за тело со минерални соли и уреа ќе ја смири иритираната кожа, а благодарение на неговата формула, истиот може да се употребува и за многу чувствителна кожа.

Прва помош за проблематична кожа

Ексктрактите од Мртвото Море не се единствено добри само за чувствителната и сувата кожа. Проблематичната и нечиста кожа на лицето може да стане минато со маската за лице од Balea, која благодарение на формулата со кал, цинк и екстракт од алги од Мртво Море ги отстранува вишокот маснотии и нечистотиите од вашето лице. Благодарение на пилинг-честичките од семки од кајсија и бамбус, маската за лице ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата, а екстрактот од камилица ќе ја смири иритацијата.

За негувани стапала

И стапалата имаат придобивки од козметиката која потекнува од Мртвото Море. Течната купка за стапала од Balea ќе им пружи длабинска хидратација, а благодарение на парфимираните својства, ќе ги отстрани непријатните миризби од вашите стапала. Дополнително Balea Vital купката ќе ги релаксира и освежи стапалата.
 

  1. Balea крем за нега нозе, 100 мл

    Balea

  2. Balea купка за стапала, 450 г

    Balea

  3. Balea MED ULTRA SENSITIVE лосион за тело , 300 мл

    Balea MED

  4. Balea купка за стапала, 200 мл

    Balea

  5. Balea маска за лице, 2X8 мл

    Balea

  6. Balea SCHÖNHEITSGEHEIMNISSE маслен пилинг за тело, 300 г

    Balea

Крај на листата