КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Конечно сонце!

Ако сакате да уживате насекаде во топлите зраци, треба да се погрижите да ја имате вистинската заштита од сонце.

dm дрогерие маркт

Време за читање 4 Мин.

5/2/2024

Неколку сончеви зраци - и веднаш се чувствуваме подобро. Но, нашата кожа не е баш најсреќна кога ја изложуваме премногу на сонце. Во продолжение составивме листа за вас, како најдобро да ги заштитите лицето и телото и што помага доколку изгорите од сонце.

УВ заштита: Нега на лице за сонце

Без разлика дали е студена зима или топло лето, нашите лица секојдневно се изложени на големи УВ зрачења. А, тоа не само што предизвикува брчки и пигментни точки, туку може да предизвика и штетни промени на кожата. Доволна причина да посегнете по заштита од сонце. Сега има голем избор на производи за лице. Помасната кожа и комбинираната кожа претпочитаат лесни формулации кои брзо се апсорбираат. На сувата, чувствителна кожа ѝ е потребна дополнителна нега. Она што е важно е  од секој производ кој го користите да го нанесувате во доволни количини. Дерматолозите препорачуваат количина од околу два прста за навистина да се постигне заштитата наведена на пакувањето.

Нашите совети:

  • Секогаш нанесувајте го кремот за сончање после вашата дневна нега и оставете го да ce впие околу 20 минути пред да се нашминкате.
  • Не заборавајте ги усните: Најдобро е да користите балсам за усни со УВ заштита за чувствителна кожа на усните
  • 2 во 1: Тонираните креми за сончање може да ја заменат течната пудра. Практично, нели?!

Здрав тен: Заштита од сонце за телото

Сонцето е особено интензивно на планините или покрај вода. Производите со висок фактор за заштита од сонце најдобро одговараат за овие предели. За љубителите на спортот, постојат лесни гел-креми кои ги издржуваат и напорните тренинзи. А во сенка, дали воопшто ви треба заштита од сонце? Да, апсолутно. Водата или песокот силно го рефлектираат УВ зрачењето. И косата треба да ја заштитиме од сонцето, бидејќи сончевата светлина ја избелува и ја оштетува структурата на влакното. На пример, хидратантниот спреј за нега помага против кршливите летни влакна.

Наши совети:

  • Редовно нанесувајте крем. Ова е посебно важно за да се обезбеди трајна заштита од сонце.
  • Носењето капа е секогаш добра идеја. Обезбедува сенка за лицето и вратот и штити од топлотен удар.
  • Можете слободно да ги фрлите кремите за сончање од минатата година: УВ филтрите ја губат својата ефикасност кај производите што се отворени подолго од 12 месеци.

Изгореници од сонце - што помага?

Лето, сонце, изгореници - што да направите во случај на изгореници од сонце? Брзата реакција за изгорената кожа е од особена важност. Поминете колку што е можно повеќе време во сенка, додека не се изгуби црвенилото од кожата. Гелот за разладување помага против непријатното чувство на печење и чувството на затегнатост на кожата. Вашето шише за вода секогаш треба да биде добро наполнето, бидејќи изгорениците го лишуваат телото од многу течности, па постојаната хидратација е посебно важна. Меѓутоа, во случај на потешки симптоми како што се треска или пликови, најлогично е веднаш да се обратите кај вашиот лекар.

Наши совети:

  • Третирајте ги изгорениците од сонце со хранливи производи кои ја смируваат кожата и ѝ помагаат да се регенерира.
  • Целосно излечете ги изгорениците од сонце пред повторно да уживате во сонцето.
  • Ставете кисело млеко на изгорениците од сонце? Подобро не! Бактериите во млечните производи можат да предизвикаат воспаление.
  • Ако грбот, градите или рамената ви се изгорени од сонце, можете да облечете мокра маица: Таа ќе ве разлади и ќе ја ублажи топлината.
  1. Carroten

    млеко за заштита од сонце З.Ф. 30, 200 мл

  2. AFRODITA

    мармалад за тело, 200 мл

  3. SUNDANCE

    крем за аштита од сонце З.Ф. 50+, 100 мл

  4. SUNDANCE

    млеко за заштита од сонце З.Ф. 50, 200 мл

  5. NIVEA SUN

    спреј за заштита од сонце З.Ф. 50, 200 мл

Крај на листата