КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Мирис за подобро расположение
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

1/3/2024

Како мирисите влијаат на нашето расположение?

Кој мирис го подобрува расположението или опушта? Со овие совети ќе го пронајдете вистинскиот парфем за секоја пригода.

Дали знаевте дека изборот на парфем влијае на вашето расположение, а со тоа и на вашата благосостојба? Мирисите во нас создаваат  чувства кои умот не може да ги контролира. За ова се одговорни миризливите материи кои влегуваат во нервниот систем преку носот и ослободуваат хормони кои ги контролираат нашите емоции и расположение. Без разлика дали се смирувачки, освежувачки или креативни - овие мирисни ноти постигнуваат повеќе од пријатен мирис:

Бергамот: убиец на стрес за креативните умови

Бергамот е вистински убиец на стресот и средство за подобрување на вашето расположение! Особено креативните луѓе треба да користат парфеми со оваа нота на мирис. Познато е дека најдобрите идеи доаѓаат само кога главата е чиста и има доволно простор за креативност.

Чоколадо: Бидете среќни! Без калории

Тоа што чоколадото не прави среќни не е ништо ново. Сепак, дали знаевте дека самиот мирис на чоколадо создава позитивно расположение? Распрснувањето на мирисот на чоколадото наместо да го јадете, не само што е подобро за фигурата, туку создава позитивна атмосфера на сите околу нас.

Портокал: мирис кој предизвикува чувство на блискост

Свеж, сладок и овошен - тоа е познатиот мирис на портокал. Овој мирис создава и чувство на дом и блискост. Се смета дека има и релаксирачки ефект. За оние кои страдаат од носталгија, парфемот што мириса на портокали е верен придружник во странство.

Зелен чај: мирис за сите љубители на сонот

Зелениот чај е вистински волшебник. Дури и мирисот на зелен чај може да има благотворно и освежувачко дејство. Затоа парфемите со мирис на зелен чај се особено барани во понеделник наутро и се неизбежни за сите спијачи - секако, покрај шолја кафе.

Лимон: за оние на кои има треба доза оптимизам

Дали сте во лошо расположение денес? Парфемот на база на лимон нуди излез од лошото расположение. Мирисот на лимон делува освежувачки, го подобрува расположението и помага да се надмине слабата концентрација. Затоа, овој мирис е идеален за сите оние кои треба да учат за испити за во школо или факултет.

Роза: за романтични часови

Најдобриот додаток за романтичен состанок? Тоа не е шминка или шик чевли - туку парфем афродизијак! Со соодветни состојки, мирисот може да има многу привлечен ефект. Розата е класика меѓу афродизијачките парфемни ноти. Сепак, се верува дека јасмин, пачули, сандалово дрво, иланг-иланг и амир исто така имаат стимулирачки ефект.

Лаванда: мирис за деловни жени

Лавандата е совршен мирис за важни состаноци. Бидејќи лавандата истовремено има и балансирачки, релаксирачки и заживувачки ефект. Нервите и самодовербата треба да се зајакнат со мирис.