Депилација на интимниот предел кај жените: Убаво е сè што ви се допаѓа
Малата тајна на секоја жена е: Депилиран интимен предел. Со нашите совети, отстранете ги влакненцата ефективно и нежно во интимниот предел.

dm дрогерие маркт
Време за читање 6 Мин.
•
1/3/2024

Пред илјадници години, во античките култури, жените и мажите се посветиле целосно на отсранување на влакната на телото, поготово во пределот на пазувите и интимните предели. Позадината на оваа желба е да се постигне индивидуална физичка харизма и индивидуалност – мотив кој сè уште не е променет.
Постојат многу практични и естетски причини кои одат во прилог на депилацијата на интимниот предел кај жените. Некои жени едноставно се чувствуваат поудобно и попривлечно потполно без влакненца или со уметнички стилизиран интимен предел, а за некои е доволно само уредно да се чува ,,бикини’’ зоната. Она што нè радува е што постојат бројни методи, помагала и производи за да се постигне ова, кои можете да ги користите според вашите лични желби и преференции. Бричењето на интимниот предел кај жените со помош на електричен брич или жилети е на самиот врв на листата на популарност.
Кој брич е најдобар за интмниот предел на жената?
Одговорот е: Добро е она со што вие лично најдобро се снаоѓате. Сето тоа е само прашање на личниот вкус? Не само тоа. Бидејќи изборот на соодветниот метод зависи од она на кое жената му придава најголемо значење во депилација на интимниот предел. Влажното бричење е најтемелен метод за бричење на интимниот предел. Сечилото обично треба да помине низ истите делови на кожата неколкупати, како би ги отстранило и најмалите влакна, но исто така може и да ја иритира кожата. Овој ефект може да се олесни со капење пред бричењето. Топлата вода ќе ги омекне срамните влакненца, со што го олеснува нивното отстранување подоцна.
Факторот време вообичаено е во полза на сувото бричење. Првиот избор при бричење на интимните делови кај жените кои немаат доволно време е електричниот апарат за депилирање. Недостаток на овој метод: не е можно во потполност да се отстранат сите влакненца.
Откривме: Поради тоа, многу жени го избираат комбинираниот метод. Бидејќи за нив бричење на интимните предели, честопати е ритуал за нега на телото кој исто така трае многу време. Меѓу другото, изборот паѓа и на бричење со електрични апарати за бричење на интимните предели.
Патем: Во dm можете да најдете широк спектар на бричеви и други препарати за депилација на женските интимни предели.
7 практични совети за бричење на интимните предели
Секој кој сака да дознае повеќе за темата интимно депилирање, ќе се зачуди. Опсегот е широк и разновиден од целосно избричена интимна зона, до различни модерни интимни фризури. Убаво е она што ви се допаѓа, тоа е нашето мото.
Што и да изберете, препорачливо е да следите неколку основни правила. Го најдовме она што го барате:
1.Не брзајте! Никогаш не треба да го бричите интимниот предел под временски притисок. Областа на интимните предели кај жената е исклучително чувствителна, па нежната кожа мора да биде што е можно помалку иритирана. Малите рани можат да бидат непријатни, а поткожните влакна или мозолчињата во интимниот предел кај жената се досадни, но сепак, можат да се избегнат.
2. Продолжете во фази! Најдобро е да ги намалите долгите влакна најпрво со ножици или тример пред да започнете со бричот. Ова спречува затнување или предвремено отапување на бричот, а исто така ја поедноставува употребата.
3. Гел или пена за бричење го олеснуваат бричењето на интимниот предел! Овие производи ги омекнуваат срамните влакненца и ги подготвуваат за бричење. Покрај тоа, благодарение на нивната текстура, сечилото полесно лизга над кожата. Важно: Секогаш бричете во насока на раст на влакната! Ова спречува иритација на кожата и придружно црвенило и мозолчиња во интимниот предел.
4. Редовно менувајте ги жилетите за бричење! Без разлика дали се бричите со електричен или обичен брич: Тапите сечила непотребно ја иритираат и дополнително ја тријат, чувствителната кожа во интимниот предел.
5. Затегнете ја кожата додека се бричите! Сечилото може полесно да лизга на кожата, а ризикот од исекотини се сведува на минимум.
6. Потпрете се на посебната нега на кожата откако ќе го избричите интимниот предел! По бричењето, добро е да се исплакне со ладна вода што ја затега кожата и овозможува побрзо да закрепне. Ова исто така спречува појава на акни и црвенило. Потоа ставете соодветен лосион за нега на кожата - во dm ќе најдете широк спектар на препарати за после бричење и депилација на интимниот предел, на пример со овошни киселини или додатоци за дезинфекција.
7. Спречете поткожни влакна! Поткожните влакна се релативно чест несакан ефект на интимното бричење кај жените. Можете да ги спречите со пилинг на кожата. Пилингот ги отстранува мртвите клетки на кожата и го олеснува растот на влакната. Остри жилети исто така го намалуваат ризикот од поткожни влакна.
Останати методи за отстранување на влакненца во интимниот предел – методи кои не се интимно бричење
Методите за депилација на срамни влакна се исто така многу ефикасни. Најчеста е депилацијата со восок (топол или ладен) или со помош на шеќерни пасти. Восокот или шеќерната паста се нанесува на кожата, а потоа влакната се извлекуваат во спротивен на правец на нивниот раст - болен, но многу ефикасен начин. Слично е и со епилацијата, кога влакненцата се отстрануваат со електричен епилатор.
Методот на отстранување на влакна со употреба на крем за интимна депилација, кој истовремено ја храни кожата во интимниот предел, е многу поудобен и безболен.
Без разлика дали станува збор за крем за депилација, или депилација со восок или шеќерна паста - во dm ќе најдете огромен избор на висококвалитетни производи, кои сигурно ќе ги задоволат сите ваши потреби!






