КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Едноставни летни фризури кои може да ги направите сами!

Плетенки или морски бранови се најмодерни фризури ова лето.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

1/3/2024

Sommerliche Frisuren

Барате модерни фризури за во лето? Тогаш морските бранови и плетенките се вистински избор. Ќе ви покажеме четири едноставни летни фризури, со кои сите погледи ќе бидат вперени кон вас.

Spontaneоusly Braided

Со помош на оваа фризура, во неколку едноставни чекори на косата може да ѝ додадете многу волумен. Трикот е следен: Плетенката треба да ја олабавите со прсти, а потоа да ја фиксирате со спреј за коса.

Еве како да ја направите оваа фризура:

1. За косата полесно да се обликува, испрскајте ја со солена вода.
2. Поделете ја косата во три еднакви прамени, исплетете ја странично и плетенката заврзете ја со ластиче за коса.
3. Сега отпуштете ја плетенката со прсти и фиксирајте ја со спреј.
4. Flower Fringe Band

Сега тоа се вика: Flower Power! Со оваа летна фризура, на секоја забава ќе бидете магнет за очи. Сè што ви е потребно за тоа е долга коса, ластиче за коса и венец со цветчиња.

Еве како:

1. Извлечете еден прамен од страна и исплетете го странично во француска плетенка. Додавајте ѝ прамен по прамен на плетенката.
2. Од висина на ушите, се применува класичната техника за плетење. Остатокот од косата се фиксира со шнола, што е можно поблиску до плетенката.
3. Тогаш остатокот од косата се дели на два дела и заедно со плетенката се плете во долга странична плетенка. Сега доаѓа врвот – цветен венец. Зацврстете го венецот од двете страни со помош на шнола.

Wavy Longbob

Брановидната форма сè уште спаѓа во омилени летни фризури. Со помош на техниката за виткање, за кратко време може да ја направите оваа фризура. Важно: За локните подолго да се задржат, косата мора да биде мокра и да биде подготвена со некој производ за стилизирање кој ќе ѝ даде структура.

Еве како:

1. Прво, на влажна коса нанесете пена или гел за коса кои ќе ѝ дадат структура.
2. Потоа поделете ја косата во поединечни тенки прамени и виткајте ги, прамен по прамен. Доколку прамените не држат, употребете шнола за коса. Оставете ја косата да се исуши.
3. Отпуштете ги прамените и фиксирајте со спреј за коса.

Braided Topknot

Оваа фризура е полесна одошто изгледа, но помош од пријателка сепак не би била на одмет. Во зависност од тоа колку е пунџата цврста, можете ја носите во канцеларија или на плажа.

Еве како:

1. Започнете со превртена француска плетенка и плетете од вратот до тилот . Плетенката се завршува со класична техника за плетење.
2. Врзете го остатокот од косата заедно со исплетените прамени во висока плетенка.
3. Од ова се формира пунџа и се фиксира со шноли за коса. За сè да држи добро, готовата фризура се формира со помош на малку спреј за коса.