dm дрогерие маркт
Време за читање 2 Мин.
•
1/3/2024
Убава и негувана кожа започнува со правилното чистење на лицето! А како да го правиме тоа правилно...во продолжение прочитајте ги нашите совети.
Кожата е најголемиот орган за детоксикација во нашиот организам, па со оглед на тоа треба многу да внимаваме на нејзиното чистење. Битно е да запомиме дека секој тип на кожа е различен и секоја кожа има различна потреба за нега.
Еве како правилно да го чистите лицето во неколку черкори:
Чекор 1
Започнуваме со пена за миење лице. Пената ги отсранува сите нечистотии и ја подготвува кожата за понатамошната нега.
Пени за миење лице
Чекор 2
Нанесување на тоник. Тоникот е многу важен чекор во негата бидејќи тој ја регулира pH вредноста и благодарение на него нашето лице добива блескав и здрав тен.
Тоници за миење лице
Чекор 3
Користете пилинзи за лице неколку пати во неделата. Пилингот помага при отстранување на мртвите клетки кои се собираат на кожата. Дополнително се препорачува бидејќи ја изедначува кожата и ја подготвува подобро да ги впие останатите средства за нега на вашето лице.
Пилинзи за лице
Чекор 4
Неколку пати во неделата нанесувајте маска за лице. Маската ја одбирате по сопствен избор согласно со типот на вашата кожа.
Маски за лице
Дополнителен совет
Нега на вашето лице како и чистење се препорачува да се примени наутро и навечер. Навечер ги отстрануваме сите нечистотии кои се имаат собрано на вашето лице во текот на денот, додека пак наутро го чистиме лицето од сите токсини кои ги исфрламе во текот на ноќта додека нашето тело мирува.