КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 2 Мин.

1/3/2024

Имате сува кожа? Линијата со дива роза од alverde може да ви помогне!

Маслото од дива роза има многу малку заеднички особини со обичното масло од роза. Зошто е тоа така, и како линијата од alverde со масло од дива роза ѝ помага на вашата кожа...

Во светот има повеќе од 200 различни типови на диви рози, од кои се добива ова масло. Спротивно на „вистинското“ масло од роза, маслото од дива роза не се добива од листовите на цветот туку од семките на плодовите на дивата роза. Подобро познати се овие плодови како шипки. Оттаму маслото од дива роза често се нарекува и масло од семки на шипки.

Што всушност содржи тоа?

Маслото од дива роза се одликува со висок процент на повеќе незаситени масни киселини како линолеова киселина. Оваа киселина дава висока доза на хидратација, делува против иритации и има регенеративно дејство. Покрај тоа, маслото од дива роза содржи ликопин, состојка која делува против слободни радикали. Но, богата е и со витамини: покрај Витамин Ц, кој има високо антиоксидациско дејство, маслото содржи и витамин А, кој го поддржува сопственото производство на колаген на кожата, кој пак е важен за одржување на еластичноста.
итаминот Е има антиинфламаторно дејство и ја смирува кожата.

Комплетна линија на производи од alverde:

  • alverde млеко за чистење лице со дива роза и влажните марамици – ја ослободува кожата од нечистотии и шминка, без да ја исуши.
  • По отстранувањето на шминката, alverde тоникот за лице ќе ѝ даде сјај на вашата кожа.
  • За целосна нега тука се alverde дневниот крем за лице, alverde ноќниот крем за лице, како и alverde маслото за лице од дива роза.

Природна регенерација за вашата кожа

Линијата од alverde со масло од дива роза содржи исклучиво сертифицирани екстракти од биолошки насади и е сертифицирана со Natrue сертификатот. Веганските производи не содржат минерални масла, како и вештачки бои, ароми и конзерванси.
 

  1. alverde влажни марамици за чистење лице, 25/1

    alverde

    влажни марамици за чистење лице, 25/1

  2. alverde тоник за чистење лице, 200 мл

    alverde

    тоник за чистење лице, 200 мл

  3. alverde млеко за чистење лице, 200 мл

    alverde

    млеко за чистење лице, 200 мл

  4. alverde дневен крем за лице, 50 мл

    alverde

    дневен крем за лице, 50 мл

  5. alverde ноќен крем за лице, 50 мл

    alverde

    ноќен крем за лице, 50 мл

  6. alverde масло за лице, 15 мл

    alverde

    масло за лице, 15 мл

Крај на листата