КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Пеленски дерматит кај бебиња и дечиња 

Родителите сакаат совршена нега за своето бебе. Сепак, понекогаш се соочуваат и со некое непријатно искуство. При ваквите состојби најчесто бараат брзо решение за тоа како во иднина да не се соочуваат со иритации и црвенила во пределот на пеленската регија.  

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 2 Мин.

6/25/2026

dermatit

Што е пеленски дерматит? 

Пеленскиот дерматит најчесто се појавува како резултат на контактот на нежната бебешка кожа и влажните пелени. Пеленскиот осип најчесто се појавува како црвенило на кожата, но може да се прошири со малку поинакви промени на кожата, на пример, точкест осип или ранички. За секоја промена е потребно да се консултирате со матичниот педијатар на детето.  

Во продолжение на овој текст, прочитајте совети и препораки од Јасна Апостолски-Николов, дипл. медицинска сестра и IBCLC Меѓународен сертифициран консултант за доење!  

Препораки и совети  

Постои една изрека „подобро да се спречи отколку да се лечи“. Најпрво треба да се обрне внимание на изборот на влажни марамчиња и негата на бебешката кожа.  

Советот на Јасна, медицинска сестра што работи со деца и како едукатор за пренатална едукација на трудници, е секогаш да се користат влажни марамчиња на база на вода. Влажните марамчиња на babylove, кои содржат 99 % вода, може да бидат соодветен избор за оваа намена. Најдобро е да се користат кога бебето не е дома. А, за домашни услови, Јасна топло ги препорачува памучните туфери на babylove, за кои е доволно само да се потопат со вода и на тој начин претставуваат соодветна замена за влажните марамчиња.  

Кога станува збор за избор на крема за нега на пеленската регија, најдобриот предлог е кремата на babylove за чувствителна кожа. Со хранливата комбинација од камилица, пантенол и сончогледово масло, ја навлажнува кожата и ја одржува нејзината природна рамнотежа. Нежната текстура лесно се шири и ѝ дава пријатно чувство на кожата. Формулата е без микропластика и чисто синтетички полимери растворливи во вода. Идеален избор за секојдневна нега. 

Овие три производи се совршена комбинација за нега на осетливата бебешка кожа, а сепак се достапни за секое семејство!