КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Правилен избор на пелени  

Нашата линија babylove има широка палета од пелени соодветни за сензитивната бебешка кожа, со големини што одговараат на секоја возраст на вашето бебе/дете.  

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 2 Мин.

6/25/2026

peleni

Во продолжение прочитајте ги препораките на нашата Јасна, IBCLC ‒сертифициран консултант за доење и дипломирана медицинска сестра! 

Во моментов на пазарот има голем избор на пелени и најчесто родителите се збунети при изборот. Често избираат пелени по препорака на блиски кои веќе ги користеле. Не секогаш значи дека тоа што е добро за едно бебе ќе биде и одличен избор за вашето бебе. Бидете внимателни и истражувајте!  

Пелените од марката babylove се одличен избор за вашите најмили. На пример, големините на пелените од midi до XXL имаат посебна заштита од протекување на задниот дел, како и јадро со двојна апсорбирачка моќ за премногу сува кожа и за поголема безбедност во текот на денот и ноќта. Пелените се потенки, а тоа ги прави погодни за поголема слобода на движење. Многу пелени од марката babylove имаат сертификат за трајност во форма на детелина, поради тоа што се користи целулоза направена од FSC-мешавина.  

Во нашите продавници се достапни и екопелени од линијата babylovenature!  

Повеќе за производот „Молтонски крпи“ од марката babylove 

При подготовките за доаѓањето на свет на вашето бебе, често родителите се среќаваат со производи што би биле корисни, но сепак се двоумат да ги употребат и да ги купат.  

На пазарот постои голем избор на производи за бебиња, особено за новороденчиња. Молтонските крпи од марката babylove се производ што се употребува за повеќе намени и треба да се најде на списокот на производи кога се подготвувате за доаѓањето на свет на вашето бебе.  

Практичните платнени пелени се изработени од 100 % памук, со димензии 80*80, а имаат и висока моќ на впивање, поради што имаат и повеќе намени. Се користат како простирка за пресоблекување, подлога за количка, подлога за лежење, за бришење и како пелени што се користат доколку бебето често има пеленски дерматит или црвенило во пеленската регија, па потребно е пелените за еднократна употреба повремено да се заменат со памучни пелени.