Водоотпорен make up за совршен летен look
Мора ли да се откажете од шминката во текот на капењето? Многу јасно кажуваме ,,не’’ и ве советуваме како во само неколку едноставни чекори со водоотпорна шминка да го доловите совршениот летен make up look.

dm дрогерие маркт
Време за читање 6 Мин.
•
12/29/2023

Дојде време за креирање на најубавите летни loоk-ови! Но, бидете внимателни затоа што во текот на летните жештини може да останете без омилениот make up look ако многу се доближите до водата. И за тоа постои решение, водоотпорен make up! Со водоотпорната шминка, вашиот make up ќе биде постојан дури и под вода. Затоа ви откриваме како да постигнете совршен и долготраен летен look и на што треба да обрнете внимание.
Лето, сонце и водоотпорен make up – одлична летна комбинација
Лесен, шарен и безгрижен – таков би требало да биде совршениот летен make up. Не е потребно само да нуди доволна заштита од сонцето, туку и во секоја ситуација да ја нагласува вашата природна убавина. Без разлика дали е тоа покрај езеро, со шолја кафе или опуштена прошетка во природа, водоотпорните make up производи се апсолутен must have, посебно во лето за сите кои сакаат без размислување да уживаат во времето поминато на свеж воздух. Инспирирајте се со помош на нашите совети и пронајдете ги своите make up фаворити во dm!
Kissed by the sun – нежен летен тен
Водоотпорниот make up и пудра не се само популарни придружници за на плажа. Тие ги прикриваат малите недостатоци на кожата и прават да блескате уште повеќе. Важно е при шминкањето да не се откажете од потребната заштита од сонце. Дури и ако некои водоотпорни течни пудри и основи за шминка содржат заштитен фактор, производ за заштита од сонце е неопходен!
Ситните неправилности, како што се мозолчињата или црвенилото, се прикриваат со водоотпорен коректор. Потоа можете да нанесете водоотпорна подлога, која обезбедува изедначен тен и ги прикрива ситните брчки. Обрнете внимание на лесната текстура на подлогата, за да може лесно да се размачка и впие. На крај фиксирајте ја водоотпорната подлога со малку водоотпорна пудра за фиксирање – тоа ќе ја направи подлогата уште подолготрајна, па може да се фокусирате на она најбитното.
Ако не сакате да го чекате летниот тен, најдобро ќе го создадете својот look со бронзер. Бронзерот нежно ќе ја потемне кожата и ќе ѝ даде убава нијанса и прав летен look.
Водоотпорен make up за очите – за уште повеќе сјај
Откако со богатата нега, соодветната заштита од сонце и водоотпорната подлога ја направивте основата за нанесување на шминка, време е за шминкање на очите. Сенката и моливчето за очи брзо се нанесуваат и траат долго. Одлучете се за водоотпорно моливче за очи и сенка затоа што се неуништливи и во вода. Водоотпорната маскара во боја по ваш избор обезбедува совршен финиш. Визуелно го подобрува изгледот и го нагласува сјајот на очите.
Совет: За да обезбедите долготраен водоотпорен make up на очите, немојте по капењето да го сушите лицето со пешкир. Најдобро е кожата нежно да ја потапкате со козметичка марамица или едноставно да ја оставите сама да се исуши.
Водоотпорен make up за усните – интензивни бои и сензуалност
Сензуално нашминканите усни се дефинитивно дел од успешниот летен изглед. Ако се осмелите да користите јаки бои, треба да обрнете посебно внимание на совршеното контурирање на усните. Водоотпорните моливчиња за уста во соодветна боја се погодни дури и при нуркање во базен и го спречуваат размачкувањето на карминот.
Наш совет: Ако се одлучите за интензивен и јак кармин за усни, најдобро е за очите да се ограничите само на водоотпорна маскара.
Шарени нокти во најубави летни бои
Шарено обоени, убаво негувани нокти се апсолутен must have во лето. На ноктите на рацете и нозете – лакот за нокти ги поднесува сите температури и создава летна атмосфера која повикува на сончање, плажа и море! Не се плашете да користите интензивни бои и различни комбинации на бои. Колку пошарено, толку подобро.
Во случај на многу дречливи бои, се препорачува да користите base coat, за при вадење на лакот да не остане боја на ноктите. Доколку често го менувате лакот за нокти, овој совет посебно ќе ви се допадне. Top coat-от исто така обезбедува долг век на траење на лакот и ви го заштедува драгоценото време кое може да си го посветите на себе.
Правилно отстранување на водоотпорната шминка
На секој летен ден му доаѓа крајот, па време е да ја отстраните водоотпорната шминка. Постојаноста, која беше толку ценета во текот на денот, започнува да ни пречи. Но и за ова имаме добро решение: Клучот за отстранување на водоотпорен make up е масло!
Обичните отстранувачи на шминка и отстранувачите на база на масло се чудотворно оружје кога станува збор за отстранување на водоотпорни производи. Ако имате проблем со отстранувањето на водоотпорната шминка, растителните масла како што е маслиновото, сончогледовото, маслото од авокадо или кокос, исто така може да направат чудо. Едноставно натопете го туферот со масло и нежно отстранете го водоотпорниот make up. Кога ја отстранувате шминката со масло, истовремено ја негувате кожата и ја дарувате со регенеративни состојки. Чистењето на порите на крајот, обезбедува кожата слободно да дише во текот на ноќта.
Наш совет: Пределот околу очите треба посебно нежно да се исчисти. Посебните отстранувачи за шминка за пределот околу очите може да помогнат во топење на состојките на водоотпорната маскара, па шминката од очите може уште понежно да се отстрани.