

dm дрогерие маркт
Време за читање 3 Мин.
•
12/29/2023
Природни веѓи
Едноставни, природни и лесни за стајлинг!
Ние кажуваме НЕ за стотиците трендови на веѓи во последните неколку години. Кој не ги познава трендовите за веѓи кои ги следиме од година во година? Сите ги имавме тенките, нацртани веѓи од 90-тите, омбре веѓи, бушави машки веѓи како и XXL веѓи од Cara Delevingne.
Но, сега велиме СТОП! Ние сакаме повторно да се навратиме во минатото и така да се фокусираме на нашиот природен изглед. Секој од нас има уникатни веѓи кои совршенo се вклопуваат во формата на нашето лице. Им даваат природен облик на нашите очи со одредени мимики. Честопати потребни ни се само едно или две движења со рацете за да ги наместиме совршено веѓите. Со неколку соодветни совети може да ги средите веѓите без да поминувате часови во бањата.
Tipps & Tricks за природен изглед на веѓите.
Доколку премногу ги имате исчупано веѓите, време е неколку недели да поминете без чупалка. Така ќе можат по природен пат да пораснат без да треба дополнително да ги поправате. По неколку дена или недели откако ќе ви пораснат веѓите, може да започнете со следниве чекори за подобар изглед на вашите веѓи:
- Отстранете ги влакненцата кои не се пораснати во вашата вообичаена форма на веѓи. Тука важи правилото - што памалку тоа подобро! Секогаш може дополнително да отстраниме некои влакна.
- Доведете ги вашите веѓи во форма, започнете од внатре кон надвор, а чешлајте ги нагоре па по малку на страна.
- Откако ќе ги доведете веѓите во соодветната форма, можете да ги скратите влакната кои се премногу долги. Тука исто така важи правилото - што помалку тоа подобро! Работете со брич за веѓи или тример.
- Доколку вашите природни веѓи не се доволно густи, може да ги обоите со молив за веѓи или пудра за веѓи. При надополнување на веѓите внимавајте да не се претера. Наш совет: Земете наострен молив за веѓи и цртајте влакно по влакно, па дополнително изматирајте ги линиите од надворешната страна на веѓата. Доколку не сакате со молив, секако дека со пудра за веѓи ќе го постигнете истиот ефект за изглед на природни веѓи.
- Како последен чекор, фиксирајте ги веѓите со транспарантен гел за веѓи. Доколку користите гел во боја, внимавајте само да не ставите премногу, како би го задржале природниот изглед.
Можете да постигнете природен изглед на веѓите во само неколку чекора. Природните веѓи одлично може да се вклопат во вашиот No-Make-up-Look. Особено во лето кога повеќето од нас не нанесуваат шминка. Со вашите природни веѓи секогаш ќе бидете совршено стилизирани.