КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Грешки во шминкање, кои не ги правиме повеќе!

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

12/22/2023

Frau schminkt sich roten Lippenstift ab.

Од кружно нашминкани јаболчници, до темно нашминкани очи: кај некои екстравагантни make-up-look не станва збор за тренд, туку едноставно за грешка во шминкање. Еве неколку совети како да ги одбегнете.

Внимавајте на основата

Со основата за шминка често се постигнува она, што не го посакуваме. Наместо рамномерна и изедначена основа, добиваме нијанса која изгледа како со флеки. За да ја постигнете правата нијанса за вашата кожа, изборот треба да започне уште при самото набавување на производот со тестирање на нијансата, но не на раката, туку директно каде што треба да биде нанесен производот: на лицето! Дополнително, важно е основата да  не завршува на брадата, туку убаво да се претопи во насока на вратот.

Црвените усни не се за секого

За жал, не секој може да го постигне посакуваниот ефект на устата со длабоки црвени или темни бои. Ако имате тесни и тенки усни, треба да користите полесни нијанси, во спротивно усните ќе изгледаат уште помали. Ова, пак, може да му даде на целиот израз на лицето несакана сериозност. Покрај тоа, сјајот за усни е може да биде попогоден од матните кармини затоа што сјајните усни изгледаат поголеми.

Коректор во триаголник

Совршено нанесен коректор зависи од две работи: оптималната боја и самото нанесување. Додека сините темни кругови се идеално неутрализирани со жолтеникави нијанси, зеленкаста сенка е идеална за црвеникавите темни кругови. Не го нанесувајте само коректорот заоблен под очите, туку во форма на триаголник со врвот надолу. Блендирајте и ќе го добиете посакуваниот изглед. Овој метод не само што ги покрива круговите под очите, туку и визуелно ги крева јаболчниците.

Внимавајте со руменилото

Со црвени образи може да изгледате или посвежо - или како кловн, во зависност од тоа како го користите руменилото. Откако ќе ја пронајдете вистинската боја, време е да ја примените. Тука веќе можете да ја направите следната грешка во шминката: Кружно и густо распоредено до носот, руменилото не изгледа многу природно. Подобро: нанесете го руменилото долж горните јаболчници со голема четка и блендирајте  во правец кон фризурата. Помалку, многу често значи подобро: Дувнете во четката пред да го нанесете руменилото.

Сенка за очи според типот и расположението

Се разбира, бидејќи боите на сенките се предмет на трендови, не мора да инсистирате на една боја. Меѓутоа, идеално е боите да се усогласуваат со очите. Без разлика која боја ја преферирате,  треба однапред да нанесете основа за сенки, со што сенката за очи не би се изгубила во нерамните делови.