Зачинети мафини со тиква и спелта
Воодушевете овие празници со еден сосема различен рецепт за мафини! Тајната состојка е зачинот кардамон, кој не се користи многу често, а одлично се комбинира со различни состојки! Погледнете го целиот рецепт.
Потребни состојки за тестото:
- 200 г dmBio кокосово масло
- 125 г интегрално брашно од спелта
- 180 г dmBio шеќер од шеќерна трска
- 2 јајца
- 2 лажички dmBio прашок за печиво
- 150 г ситно рендана тиква
- ½ лажичка ѓумбир во прав
- рамна лажичка цимет
- 1/3 лажичка мелен кардамон
Подготовка на тестото
Вклучете ја рерната на 190 степени. Измешајте го брашното со прашокот за печиво и зачините (ѓумбир, цимет, кардамон). Изматете ги со миксер јајцата и шеќерот, а потоа додадете ја тиквата. На крајот, додадете брашно и убаво изматете. Ставете ги корпичките за мафини во калапот за мафини и поделете го тестото. Печете околу 25 минути и оставете ги мафините да се изладат.
Потребни состојки за филот:
- 140 г путер на собна температура
- 70 г шеќер во прав
- 80 г dmBio млечно чоколадо
Подготовка на филот
Изматете ги со миксер путерот и шеќерот во прав. Потоа додадете чоколадо, претходно растопено на пареа или во микробранова печка. Соединете ги сите состојки за филот и префрлете го во шприц за филување на торти/колачи.
Потребни состојки за пралине од семки од тиква:
- 1 полна лажица путер
- 2 лажици dmBio шеќер од шеќерна трска
- 50 г dmBio семки од тиква
- малку сол
Подготовка на пралине
Растопете ги путерот и шеќерот во прав во сад за готвење, додека не започне да врие, а потоа додадете ги семките од тиква и солта. Измешајте ги сите состојки, па пржете ги додека не добијат боја. Истурете ја смесата врз хартија за печење и оставете ја да се излади. Ова ,,пралине’’ искршете го на ситни парчиња, така што ќе ги ставите во подебела кеса и ќе ги иситните со тврд предмет.
На веќе изладените мафини, со готварски шприц, распоредете го филот. Потоа, наросете со иситнетото пралине. Вратете ги мафините во ладилник, за уште малку да се изладат.