КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
ЛИНГВИНИ СО ПЕСТО ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ И АВОКАДО

Велингтон ,,бифтек’’ со цвекло и леќа

Велигденското мени го збогатуваме со уште едно посно, малку поинакво и превкусно јадење! Погледни го рецептот за веганскиот велингтон ,,бифтек’’!

Потребни состојки за намаз од леќа и вргањ:

-    30 г вргањ
-    2 лажици dmBio маслиново масло
-    1 мал кромид, ситно сечкан
-    3 лажици dmBio балсамико оцет
-    1 dmBio коцка за супа
-    70 г ореви
-    2 полни лажици dmBio овесни снегулки
-    100 г леќа, претходно сварена

Рехидрирајте го вргањот па исечкајте го ситно. Во блендер, сомелете ги оревите и овесните снегулки. Потоа, во нив ставете и ½ од сварената леќа, па изблендирајте сѐ заедно.
Загрејте го маслиновото масло и испржете го кромидот, ставете сол и бибер по вкус. Кога најголемиот дел од водата ќе испари – додадете балсамико и коцката за супа – уште малку пржете и додадете го миксот од рачниот блендер. Тргнете го садот од рингла, оставете да се излади, па добро измешајте со останатата несомелена леќа. Пробајте за да проверите дали е добро зачинето и оставете го поклопено на страна (или преку ноќ во фрижидер, доколку го подготвувате еден ден порано)

Потребни состојки за ,,бифтекот’’ од цвекло и димено тофу:

-    2 лажици dmBio маслиново масло
-    1 мал кромид, ситно исечкан
-    2 чешниња лук, ситно исечкани
-    Рамна лажичка сув рузмарин
-    Рамна лажичка сува мајчина душица
-    75 г ореви
-    1 средно по големина цвекло, испечено или сварено 
-    200 г димено тофу
-    ½ лажичка димена пиперка 
-    1 лажица сув квасец
-    2 лажици dmBio балсамико оцет
-    2 лажици мед
-    Сол и бибер
-    3 полни лажици густин

Сомелете ги оревите и тргнете ги настрана. Во маслиновото масло пропржете го кромидот за да омекне. Додадете го лукот, рузмаринот и мајчината душица. 

Потоа, во истиот блендер сомелете го цвеклото (да биде како ситно изрендано – а можете и да го изрендате). Додадете го тофуто, пржениот кромид, сите зачини – и сомелете добро за да добиете хомогена смеса. Спојте го цвеклото со тофу, со мелените ореви и густинот. Уште малку изблендирајте сѐ заедно.

Ставете ја смесата на проѕирна фолија и обликувајте ја со раката во облик на бифтек. Оставете ја во фрижидер смесата вака обликувана еден час или два – а може и преку ноќ, доколку го подготвувате јадењето еден ден порано. Пред да печете, загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете ја проѕирната фолија и печете на хартија за печење околу 30 минути.

Потребни состојки за финиширање на јадењето:

-    Печен ,,бифтек’’ од цвекло
-    Подготвен намаз од леќа и вргањ
-    ½ тегла dmBio намаз со чили 
-    1 лиснато тесто
-    2-3 лажици dmBio растителен напиток по избор 
-    За декорирање: немелен мак, сусам, крупна морска сол, рузмарин (по избор)

Обложете ја повторно тавата со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 220 степени. Подгответе го лиснатото тесто и намачкајте го со dmBio чили намазот. Врз намазот распоредете ½ од намазот од печурки и леќа. Ставете го ,,бифтекот’’ од цвекло врз леќата – внимателно ако е сѐ уште топол бидејќи тогаш е помек. Намачкајте го ,,бифтекот’’ со преостанатиот намаз.

Потоа сето ова замотајте го во лиснатото тесто, внимавајќи крајот од тестото да биде доле. Премачкајте со растителен напиток по желба и декорирајте. Печете околу 30 минути, додека тестото не добие златна боја.

Бидејќи ова јадење е покомплексно и има доста протеини – значи е комплетен оброк, можете да го сервирате само со салата. Исто така, добро оди со едноставни прилози како на пример dmBio пире од компир и леблебија.

  1. dmBio кафеав шеќер од шеќерна трска, 500 г

    dmBio

    балсамико оцет, 500 мл

  2. dmBio цвекло во тегла, 340 г

    dmBio

    димено тофу, 200 г

  3. dmBio сол со зачини, 200 г

    dmBio

    овесни снегулки, 500 г

  4. dmBio крем за готвење со овес, 200 мл

    dmBio

    коцка за супа, 6х11 г

  5. dmBio крем за готвење со овес, 200 мл

    dmBio

    намаз со чили, 180 г

  6. dmBio крем за готвење со овес, 200 мл

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

Крај на листата