Веган колбаси со ароматичен сос

Барате идеја за совршено добар и вкусен ручек? Подгответе посни колбаси со неодоливо кремаст и ароматичен сос од сенф, грчки јогурт и зачини. Уживајте во овој брз рецепт со органски dmBio производи кој ќе го подготвите за само 15 минути!
Потребни состојки:
- Едно пакување dmBio веган колбаси
- Неколку парчиња dmBio интегрален леб со ‘рж
- 1 лажица dmBio маслиново масло
Потребни состојки за сосот:
- 150 г грчки јогурт
- ½ лажичка копар
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажичка суво оригано
- 2 лажички dmBio веган пармезан
- 1 лажичка dmBio сенф
Подготовка
На грил тава, на загреано масло испржете ги колбасите по 3-4 минути од секоја страна, на средна температура. Во истата тава пресечете парчиња од интегралниот леб и тостирајте по 2 минути од секоја страна.
За да го подготвите сосот, во сад промешајте ги грчкиот јогурт со зачините, пармезанот и сенфот. Послужете во чинија од зготвените колбаси, тостираниот леб и сосот!