Веганска супа од кисела зелка
од Ана Жонтар Кристанц
2/16/2024

Готово за 80 Мин.
Време за подготовка: 20 Мин.
•
Време за готвење-/печење: 60 Мин.
Традиционално јадење
Состојки
за 6 Порции
Веганска супа од кисела зелка
1 кг кисела зелка
2 л вода
2 пакувања dmBio вегански колбаси
1 кафена лажичка dmBio сушен зеленчук во прав
150 г каша од просо
6-8 компири
½ кафена лажичка сол – по желба
црн пипер dmBio по желба
1 – 2 ловоров лист – по желба
2 лажици пченично брашно тип 405
150 мл вода
2 – 3 лажицо dmBio маслиново масло
Подготовка
на супата
Чекор
Киселата зелка ја измиваме до саканата киселост. Ја ставаме во сад и ја полеваме со вода. Ги додаваме пропржените сецкани колбаси, црн пипер, сушен зеленчук, сол и ловоров лист. Откако ќе зоврие, вариме 40 – 45 минути на тивок оган.
Чекор
Во друг сад, во солена зовриена вода, ставаме каша од просо и поситно сечен компир. Кога ќе се сварат, ги цедиме.
Чекор
Кога зелката ќе биде сварена, ја додаваме сварената каша од просо и компир. Промешуваме.
Чекор
Згуснуваме со брашно, кое го мешаме со вода и масло. Ги тргаме колбасите, ги сечкаме и ги враќаме во садот. Промешуваме. Се служи веднаш.
Чекор
Наместо кисела зелка може да употребите и кисела репка и да приготвите малку поинаква верзија на оваа супа.