КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Tурски ќофтиња од црвена леќа и булгур

turski kjoftinja

Mercimek Köftesi е традиционално турско јадење - вид на мезе или закуска, кое често се служи на друштвени собири. Mercimek Köftesi всушност значи „Ќофтиња од црвена леќа“. Најчесто се служи како предјадење, но оваа вкусна комбинација на состојки може да се користи и како фил за сендвичи или кифлички.

Потребни состојки:

  • 175 г dmBio црвена леќа
  • 550-600 мл вода
  • 80 г dmBio булгур
  • 3 лажици dmBio маслиново масло
  • 1 кромид
  • 1 црвен кромид
  • 3 млади кромитчиња
  • 70 г dmBio доматно пире
  • 1 лажица лут сос по избор
  • малку лук во прав
  • ½ лажица куркума во прав
  • сол и бибер

Потребни состојки за послужување:

  • 1 лимон, исечкан на кругови
  • листови од марула
  • магдонос ситно исечкан

Загрејте ја тавата и пропржете го кромидот на маслиново масло, внимавајќи да не добие боја, само омекнете го. Во мекиот кромид додадете ги сите зачини, па пропржете уште малку. Оставете да се излади.

Леќата ставете ја во водата да зоврие, кога ќе зоврие покријте ја и варете ја околу 15 минути. Потоа додадете го булгурот и варете уште 10 до 15 минути. Покријте и оставете да се излади.

Кога се ќе се излади, измешајте ја леќтаа и булгурот со зачинет кромид. Убаво мешајте ја смесата со раце, за да биде мека - и најчесто со прстите, на овие ќофтиња направете „брановидна“ шема. Можете да работите и со влажни раце за полесно да ви биде.

Овие ќофтиња традиционално се служат на листови зелена салата, со кругови од лимон и посипани со магдонос.

  1. dmBio црвена леќа, 500 г

    dmBio црвена леќа, 500 г

  2. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio маслиново масло, 750 мл

  3. dmBio булгур, 500

    dmBio булгур, 500 г

  4. dmBio доматно пире, 200 г

    dmBio доматно пире, 200 г

Крај на листата