КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
БЕЗГЛУТЕНСКА ПИЦА СО ТЕСТО ОД ПАЛЕНТА

Tортиљи со киноа и песто

Растителна храна е практична „за носење“ бидејќи може да се подготви за неколку дена - и ќе ја задржи својата свежина подолго од повеќето намирници од животинско потекло. Тортиљите се исто така практични за „за носење“ бидејќи лесно се полнат со омилената храна, се виткаат и се заштитуваат со проѕирна фолија.

Потребни состојки:

  • 90 г dmBio киноа
  • 200 г шампињони
  • масло за пржење
  • малку dmBio соја сос
  • 1 кромид, тенко исечкан
  • 4 тортиљи
  • ½ тегличе dmBio песто од босилек
  • dmBio намаз од печурки
  • парче ситно сечкана црвена зелка
  • 1 авокадо
  • малку сок од лимон

Подготовка

Киноата добро измијте ја, истурете ја во тава со 250 мл вода и варете ја. Откако ќе зоврие околу 20 минути оставете ја на страна да се излади. Кога ќе се излади, измешајте ја со пестото од босилек.

Додека киноата се лади, исечкајте ги печурките и пропржете ги со 1 лажица масло, па кога ќе испари целата вода додадете од соја сосот и пропржете уште една минута и ставете ги на страна. Потоа пропржете го кромидот додека не стане златен и крцкав. Ставете го на страна, по можност на салфетка да се исцеди.

Исечете ја зелката и авокадото, а потоа посипете го авокадото со малку сок од лимон, за да не ја промени бојата поради оксидација.

Врз секоја тортиља намачкајте намаз со печурки, одозгора ставете 1/3 од печурките, зачинетата киноа, малку авокадо, крцкав кромид и црвена зелка и замотајте во форма на бурито. Може да стојат во фрижидер 2 дена.

  1. dmBio палента, 500 г

    dmBio киноа, 500 г

  2. dmBio паста од домат, 200 г

    dmBio соја сос, 250 мл

  3. dmBio маслиново масло, 500 мл

    dmBio песто од босилек, 120 г

  4. dmBio јаболков оцет, 750 мл

    dmBio паштета од шампињони, 125 г

Крај на листата