
Торта од цимет и карамела од урми
Божиќната торта со цимет, крем маскарпоне и карамела од урми е совршена за студената сезона. Тортата е мека и сочна во исто време и полна со зимски вкусови. Бројните бадеми во тестото ја прават тортата особено вкусна, циметот дава малку егзотика, додека карамелот од урми е слатка алтернатива на чоколадната глазура.
Состојки за тесто од цимет:
- 6 jajцa
- 100 г путер
- 200 г шеќер од шеќерна трска
- 200 г бадеми
- 180 г ореви
- 100 г брашно тип 630
- 100 мл dmBio овесен напиток
- 3 лажички цимет ( + 2 лажички за посипување)
- 2 лажички dmBio прашок за печиво
- прстофат сол
Состојки за крем маскарпоне и карамела од урми:
Карамел од урми:
- 150 г dmBio урми
- 150 мл топла вода
- 50 мл dmBio јаворов сируп
- 30 г крем од бадем
- прстофат сол
Крем од маскарпоне:
- 250 г крем сирење
- 300 г маскарпоне
- 250 мл слатка павлака
- 2 пакетчиња шлаг
- 50 г шеќер во прав
- 1 лажичка ванилин шеќер
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180°C. Подгответе калап за торта околу 21 цм.
- Сомелете ги бадемите и во сад измешајте ги бадемите, оревите, циметот, брашното и прашокот за печиво.
- Одделете ги јајцата - посебно жолчки и белки и изматете ги белките со сол.
- Путерот и шеќерот се матат додека не се запенат и постепено се додаваат жолчките.
- Лесно додадете и изматете ги со жица смесата од бадеми, овесниот напиток и матените белки.
- Готовата смеса за тесто додадете ја во калапот за колачи и печете 55-60 минути.
- Тестирајте со чепкалка за заби: Кога тестото веќе не е лепливо, извадете ја тортата од рерната.
- Оставете го тестото за колачот целосно да се излади.
- За карамела од урми, ставете ги урмите во блендер и полека зголемувајте ја брзината.
- Додадете ги преостанатите состојки за карамелата од урми и сè измешајте во кремаста смеса. По желба додадете уште малку вода или јаворов сируп.
- За кремот маскарпоне, слатката павлака прво се мати со миксер додека не стане тврд крем. Непосредно пред крајот на мешањето додадете го стабилизаторот за шлаг и завршете го матењето.
- Во сад измешајте ги маскарпонето, крем сирењето, шеќерот во прав и ванилата во прав, па додадете ја изматената павлака. Изладената подлога за колачот пресечете ја хоризонтално на три дела.
- На долниот дел намачкајте малку крем од маскарпоне и врз него посипете околу 1 лажица цимет. Врз неа ставете ја средната основа за колач, исто така премачкајте со крем и посипете со остатокот од циметот.
- Покријте со последната подлога за колач и намачкајте го кремот.
- Тортата изладете ја во фрижидер најмалку 2 часа.
- Намачкајте ја тортата со карамелот од урми и украсете со бадеми, цимет или други јаткасти плодови.