
ТИРАМИСУ ПАЛАЧИНКИ
Веруваме дека никој не може да одолее на неповторливиот вкус на тирамису...Особено кога е подготвен со висококвалитетни органски состојки! Погледни како да направиш ,,поздрава’’ верзија од овој десерт!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
ЗА КРЕМОТ:
-3 жолчки
- 120 г dmBio кафеав шеќер од шеќерна трска
- 200 мл млеко
- 50 мл сварено dmBio кафе
- 3 рамни лажици брашно тип 550
- dmBio ванилин шеќер
- рум (опционално)
ЗА ПАЛАЧИНКИТЕ:
-2 кесички dmBio смеса за американски палачинки
- 100 мл сварено dmBio кафе
- 160 мл млеко
- путер за пржење на палачинките
ЗА КРАЈ:
-250 г маскарпоне
- dmBio какао
- dmBio млечно чоколадо
ПОДГОТОВКА
Прво подгответе го кремот. Со миксер изматете ги жолчките, шеќерот, брашното и ванилата. Постепено додавајте го млекото и кафето додека добиете хомогена смеса, па сварете ја на средна температура со константно мешање. Ќе добиете густ пудинг. Пред крај, доколку сакате може да додадете рум. Ставете го сварениот крем во ладна чинија, за побрзо да дојде на собна температура – а за тоа време, направете ги палачинките.
Според упатството, на една кесичка смеса за палачинки оди 120 г течност, но за да добиете потенки палачинки разредете ја масата. Затоа е потребно 260 мл течност. Готовата смеса за палачинки изматете ја со кафето и млекото со миксер, а испржете ги палачинките на путер – на средна температура. Треба да добиете околу 15 палачинки.
Кога кремот од жолчки и млеко ќе се излади, малку по малку додавајте го маскарпонето – најдобро со миксер да матите. Филувајте ги палачинките со крем, а во една порција одат по 2 или 3 палачинки во зависност од тоа колку голема порција сакате да направите. Последниот слој од крем наросете го со какао во прав. Оставете го вака подготвеното тирамису во фрижидер добро да се излади. На крај, доколку сакате уште да го украсите, може да изрендате од млечното чоколадо.