
Тестенини од спелта со тиква и горгонзола-бешамел
Препуштете се на магичниот вкус на тиквата, во еден малку поинаков рецепт. Погледнете како да подготвите dmBio тестенини од спелта, со тиква и бешамел со горгонзола.
Потребни состојки:
- 400 г тиква
- околу 20 листа жалфија
- 1 полна лажичка црвен пипер
- чили во прав, по желба
- 40 г dmBio маслиново масло
- 40 г брашно тип 405
- 500 г алпско млеко
- ¼ лажичка мускатно оревче
- 100 г горгонзола
- 200 г dmBio тестенини од спелта
- 40 г мелени ореви
- 4 лажици рендан пармезан
- сол и бибер
- лук
Подготовка
Тиквата исечете ја на мали коцки. Зачинете ја со 1 лажица маслиново масло, сол, бибер, црвен пипер, чили и половина од жалфијата, која претходно ситно ќе ја исечкате. Испржете ја тиквата на маслиново масло (1 лажица) додека не стане сосема мека. Пред крај, додадете и ситно сечкан лук и уште малку пржете.
Во меѓувреме, загрејте го остатокот од маслиновото масло и додадете брашно. Малку пропржете, постепено додавајте млеко и гответе додека сосот не се згусне. Ставете само малку сол, бидејќи сирењето е солено. Тргнете го садот од рингла и додадете му на сосот мускатно оревче и иситнето сирење.
Сега сварете ги тестенините во 2 л вода во која ќе додадете 20 г сол. Не треба да ги варите до крај, бидејќи ќе се доварат во рерна. Префрлете ги тестенините во сад за печење и измешајте ги со бешамелот. Коцките зачинета тиква ставете ги на крај.
Останатиот дел од жалфијата исто така иситнете го, па измешајте го со ситно сечканите ореви и пармезан – посипете преку тестенините. Печете ги во загреана рерна на 190 степени околу 20 минути. Сервирајте со салата, идеален е миксот на зелени салати.